ЗАЕВ: МИЦКОВСКИ Е ТОЛКУ ИЗГУБЕН ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ, ЗАМЕРКИТЕ МУ СЕ ТОЛКУ ЗАБЕГАНИ ШТО НЕ ЗНАМ КАКО ДА ГО КОМЕНТИРАМ!

Сите земји земаат кредити за да го помагаат стопанството зашто ниту една земја не е толку силна за да обезбеди самостојно толку многу финансиски средства за да се справи со оваа глобална криза и затоа успеавме да обезбедиме доволно поволни заеми и финансиски средства за да ги поддржиме сите пакети од економски мерки за справување со последиците од пандемијата со КОВИД-19, истакна премиерот Заев во „Само интервју“ на ТВ канал 5.

„Лидерот на опозицијата Мицкоски без аргументи ги осудува економските мерки за поддршка на граѓаните и на стопанството во услови на една ваква криза. Секој го препознава како неаргументиран и недоличен таквиот нападот на мерките кои опфаќаат огромен број граѓани и компании. Сите мерки, вклучувајќи го и последниот четвртиот, во својот фокус ги имаа граѓаните од различни категории, како мерки инвестиции се во човечкиот капитал, во компаниите“, дополни премиерот Заев.

Тој објасни дека земјата е во одлична финансиска состојба со перформанси кои ја обезбедија висината на финансиски средства за поддршка на економските мерки.

sunwin tài xỉu

sunwin

tải sunwin

game sunwin

tải sunwin apk game sunwin sunwin tài xỉu