Радовиш е социјалдемократски град, неколку изборни циклуси наназад е единствен, сега повторно е единствен, а во единството е и победата и силата и успехот и среќата.
Многу е важно да се обединиме сите, да пружиме рака на сите, ние не сме си противници, ВМРО-ДПМНЕ е нашиот противник, а вие сите знаете што може да донесе, молк, страв, режим закани, уцени, секаков вид на терор и овие денови веќе го покажаа, тоа повеќе нема да го дозволиме.
Се бориме за вистински вредности и сите заедно да застанеме и да се бориме, вие сте гаранција на иднината и на Радовиш и на Северна Македонија.