Заев: Од Скопје до Приштина за 45 минути, автопатот ќе биде готов за 2,5 години

Премиерот Зоран Заев на средбата со албанскиот колега Авдулах Хоти најави дека во првото тромесечие од идната година ќе се реализира комплетно подготовката за изградба на автопатот Скопје – Блаце, односно да завршат сите експроприации и да се обезбедат сите проектни документации, а во наредните две ипол години патот да биде изграден.

-Колку што е важен за Косово овој пат толку е важен и за нас бидејќи 45 минути ќе биде патувањето од Скопје до Приштина.За првата делница од околу 2 километри е завршен тендерот, победи ‘Гранит’. Втората делница е на завршување на експроприационите односи каде треба да го решиме поранешниот полигон со Генералштабот кој стои на таа делница. Во моментот се решаваат и оние 600 метри меѓуграничен премин како да влезат внатре покриени преку ИПА-компонентата. Ако сите овие работи ги завршиме до крајот на годината, верувам дека во првото тромесечје од 2021 ќе се стартува со комплетна реализација на ова автопатско решение. По проектните документации на Европската банка за обнова и развој за тоа е предвидено 3 до 4 години, јас верувам дека ќе биде за 2,5 години, може да се стигне. Затоа што е 21 век, има современи и добри механизации имајќи во предвид дека доста време се изгуби на други прашпања како што е експропријацијата, рече Заев и меѓудругото додаде дека се разговарало и за поврзување на Тетово и Призрен.

Тој најави и други клучни проекти со Косово, како поврзување на Скопје и Приштина со природен гас, едношалтерски граничен премин , развој на туризмот на Шар Планина од двете страни и други проекти.

sunwin.apk mới nhất game sunwin tải sunwin apk

tải sunwin

game sunwin

game sunwin

sunwin