Заев: Пандемијата не смее да го зголемува насилството врз жените

Секоја жена и девојка мора да биде сигурна и заштитена, ниедна не смее да трпи родово базирано насилство, ниту во домот ниту надвор од него, порача вечерва онлајн трибината „Молкот не е решение“ посветена на активизмот против насилството врз жените и семејното насилство во организација на Форумот на жени на СДСМ, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

-Во време на ваква сериозна здравствена криза од коронавирусот со која се соочува целиот свет, сите сме свесни дека нашите граѓани и граѓанки се секојдневно под голем психолошки притисок од неизвесноста на самиот вирус и од нарушеноста на нивното секојдневие, но тоа не смее да преставува причина за пораст на домашното насилство и било какво друго непосакувано однесување врз жените и девојчињата. Институциите се тука за секој граѓанин, без разлика на полот, работиме на подобрување на капацитетите и нанивнат ефикасност – порача во своето обраќање Заев.

Тој најави усогласување на законската регулатива, продолжување на политиките за праведно општество, но и воведување едукативни часови во училиштата.

– Од наредната учебна година започнува пилот проектот за воведување на сеопфатно сексуално образование, ова треба да опфати поголем аспкет на едукација на младите уште од најрана возраст за препознавање на сексуалното насилство, непосакуваното однесување врз девојчињата и жените и родовата дискриминација. Пред нас е план за усогласување на останатата законска регулатива со Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Нов Закон за вознемирување на работното место (мобинг)… – истакна Заев.

Link with us
Game bài đổi thưởng