ЗАЕВ И АМБАСАДОРКАТА БРНЗ СЕ ПОКЛОНИЈА ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА 5-МИНА АМЕРИКАНСКИ ПИЛОТИ СОБОРЕНИ ОД ФАШИСТИТЕ ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА ВО ТЕТОВО!

Вечна слава на сите кои ги дадоа своите животи во борбата против фашизмот, низ која се издигна и македонската државност, водена од начелата за правда, солидарност и еднаквост.

По повод 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, заедно со премиерот Зоран Заев, со амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнз и претставници на Сојузот на борци се поклонивме пред споменикот подигнат во чест на петмина американски пилоти, во село Вратница, тетовско.

Откако нивните авиони биле соборени од окупаторот на нашата територија, двајца ги загубиле животите а останатите 3 се спасени.

Акцијата за нивно спасување од страната на населението од Вратница е редок и скапоцен настан кој на уште еден силен начин ја потврдува јасната и непоколеблива определба на македонскиот народ и на припадниците на сите други етнички заедници за време на Втората светска војна на страната на прогресивните сили.

Link with us
Game bài đổi thưởng