Заев: Се вакцинирав со „Синофарм“ и се чувствувам добро. Ги повикувам граѓаните да се вакцинираат

Премиерот Зоран Заев денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“ се вакцинираше против коронавирусот. Тој се вакцинираше со кинеската вакцина на Синофарм.

– Ја примив вакцината на „Синофарм“. Ќе ја продолжам мојата дневна агенда попладне. Ги повикувам сите да се пријават на сајтот „вакцинација.мк“. Вакцините се безбедни. Колку побрзо заврши процесот на имунизација, толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател. Нема никаков проблем при имунизација на населението -, истакна Заев.

Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот, и истакна дека вакцините се безбедни.

Инаку, досега во Македонија се вакцинирани 74,076, а заинтересирани граѓани за вакцинација има вкупно 256,346.

Link with us
Game bài đổi thưởng