„Македонија е подготвена за ЕУ“ – вака оценува првиот човек на Владата, Зоран Заев. Оваа констатација ја сподели во пост на социјалната мрежа фејзбук.
„Северна Македонија се движи во вистинска насока, а партнерството со ЕУ е наша главна цел. Очекувам до крајот на словенечкото претседателство да се постигне напредок во евроинтеграцијата на државата.
Северна Македонија ги заврши своите домашни задачи и е целосно подготвена да ги започне преговорите со Европската Унија“-напиша Заев во постот на фејзбук.