ЗАЕВ СО МОЛБА ДО ГРАЃАНИТЕ: Регистрирајте се за вакцинација за побргу да постигнеме колективен имунитет

– Премиерот Зоран Заев денеска ја примил втората доза на вакцината „Синофарм“ и посочува дека се чувствува одлично.

Тој со објава на својот Фејсбук профил ги повика граѓаните кои не се регистрирале на веб страната за вакцинација, тоа да го сторат што побрзо за, како што вели, да постигнеме колективен имунитет.

– Денеска ја примив втората доза на вакцината „Синофарм“. Се чувствувам одлично и продолжувам со работниот ден. Ги повикувам сите граѓани кои досега не се регистрирале на порталот www.vakcinacija.mk тоа да го сторат што побргу, со цел да постигнеме колективен имунитет и да прогласиме победа врз пандемијата предизвикана од КОВИД-19. #ЗаштитиСе #ВакцинирајСе #ВакцинитеСпасуваатЖивот , напиша Заев.

Link with us
Game bài đổi thưởng