ЗАЕВ УПАТИ ЖЕСТОКА ПОРАКА – Ќе се одземат концесиите за мали хидроцентрали на инвеститорите кои не ги почитувале прописите!

Дел од нив ќе бидат повлечени поради прогласувањето на Шар Планина за национален парк, а за дел ќе се оди на суд, изјави премиерот Зоран Заев. Ова следи по реакција на екологистите и граѓаните.

„Еден дел се веќе во постапки заради донесувањето на законот за прогласување национален парк Шар Планина и Попова Шапка комплетно, така што постапките течат. Еден дел ќе завршиме веројатно на судови. Се надевам дека поголем дел ќе се спогодиме заради тоа што има фактури, трошоци направено коишто се на поранешни одлуки, значи одлуки 2016, 2015, 2014, 2013 година и верувам дека ќе најдеме начини да ги решиме и ваквите предизвици“, додаде Заев.

Невладините реагираа дека Владата дава концесии за изградба на мали хидроцентрали во заштитени подрачја. Тие сметаат дека се гради спротивно на прописите и се уништува средината.

tải go88

go88 vin shop go88vip tải go88

sun win