Заев за изненадувањето на Ахмети: ДУИ заврши со етничката агенда, го поздравувам тој потег

Премиерот Зоран Заев денеска го коментираше вчерашното обраќање на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и најавените реформи во неговата партија.

Според Заев, многу е значајно кога политичарите пред јавноста ќе дадат збор , тогаш тоа е нивен завет.

„Драго ми е што најголемата албанска партија ја заокружува етничката агенда и веќе денеска зборува за граѓаните. Доста беше Албанци, Срби, Грци, Власи…ние имаме граѓани во државата и сакам да го поздравам нивниот исчекор“, рече Заев.

Link with us
Game bài đổi thưởng