Заев за изненадувањето на Ахмети: Не се работи за заеднички кандидат Албанец за Скопје

Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција, по прашање од новинарите околу утрешното изненадување, потврди дека не се работи за заеднички кандидат Албанец за градоначалник на Скопје.

-Не се работи за тоа, се работи за нешто кое што претставува модернизација на нашиот коалиционен партнер, порача Заев.

Албанските медиуми претходно пишуваа дека поранешниот министер за здравство и бизнисмен од Сарај, Имер Селамани , би можел да биде заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за градоначалник на Скопје.

Селмани, според информациите со кои располагаат медиумите бил најприфатлив за сите партии од власта.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети со сабота ќе соопшти убава вест, вели премиерот Зоран Заев кој не сака да откри за што станува збор.

Link with us
Game bài đổi thưởng