ЗАЕВ: ЗАКОНОТ ЗА ДИВОГРАДБИ Е ПРЕДЛОГ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ, СЕ РАБОТИ ЗА ОКОЛУ 50 000 КУЌИ НА СИРОМАШНИ ГРАЃАНИ КОИ НЕМАЛЕ ПАРИ ЗА ЕЛАБОРАТ

– Се работи за околу 50 000 куќи на многу сиромашни граѓани кои немале пари да платат елаборат за да си ја легализираат куќата според постоечките закони кои веќе истекуваат. Ќе има во законот за оние кои имаат поголеми примања легализацијата ќе биде по 50% поскапа цена со цел да ги казниме што не го почитувале законот и граделе на диво. Има и неколку илјади мали хали и мини фабрики за кои лобираа синдикатите и коморите да им излеземе во пресрет на ситните бизниси кои ќе останат без приходи ако им ги срушиме халите. Сето ова е според Виенската конвенција од 1992-ра година според која треба да се трудиме да го заштитиме материјалното добро на граѓаните особено сиромашните слоеви како земја во развој.

Link with us
Game bài đổi thưởng