ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПОТАВА ДИМИТРОВСКИ ДОБИ БЛАГОДАРНИЦА ОД СКЕЈТ БОРДИНГ ЗРУЖЕНИЕТО „ГРИНД ХАУС“ ЗА СКЕЈТ-ПАРКОТ ВО КАВАДАРЦИ

Денес примив Благодарница за Министерството за локална самоуправа од Виктор Василевски, претседател на Здружението на скејт-бординг „Гринд Хаус“ од Скопје, за успешно реализиран проект за изградба на скејт-парк во општина Кавадарци како поддршка за промоција и развој на скејт-бордингот и урбаната култура.

Скејт-паркот, кој се наоѓа во комплексот на Спортскиот центар Јасмин, на површина од 770 метри квадратни, го пуштивме во употреба заедно со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, а проектот беше поддржан со 8 милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа во соработка со општина Кавадарци.

Г. Виктор Василевски е долгогодишен вљубеник во овој спорт, професионален скејт-бординг натпреварувач, тренер и судија и член на Македонскиот олимписки комитет. Тој има извонредни идеи за развој на овој адреналински спорт во РС Македонија, со изградба на адреналински паркови и скејт-паркови за рекреативни, туристички и натпреварувачки цели низ повеќе општини во државата. Министерството за локална самоуправа ќе ги поддржува идеите и иницијативите на здружението.