Zoran Dimitrovski
ПРЕСПА ВО ЧЕСТ НА СТЕРЈО СПАСЕ
Во с. Глобочане, општина Пустец, Албанија, денеска го одбележавме почетокот на реконструкција на старата училишна зграда во спомен музеј на албанскиот и македонски писател Стерјо Спасе кој е роден во ова место.
Во рамките на проектот Smart Cul Tour финансиран од програмата за прекугранична соработка ИПА 2 на Европската унија во тек е и реконструкција и на античкиот театар во Хераклеа Линкестис крај Битола.
Имав особена чест како заменик министер за локална самоуправа заедно со домаќините, градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, албанската заменичка министерка за култура Мери Кумбе, како и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, да присуствувам на свеченоста каде што беа промовирани проектите кои треба да придонесат за развој на туризмот во Преспанскиот регион. Го посетивме и островот Мал град со питорескната византиска црква Св. Марија од 13 век.