Заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Џабир Доко посети повеќе основни училишта во Скопје, Валандово и Дојран и на првачињата им подели ранци и училишен прибор, посакувајќи им успешна учебна година. Станува збор за донација на градоначалникот на Градот Истанбул, Екрем Имамоглу.
Во последните години има видлив прогрес во образованието на настава на јазиците на припадниците на помалубројни етнички заедници, а преку ваквите меѓународни соработки ќе продолжиме да работиме за зајакнување на образованите процеси.
Во следните денови во повеќе општини ќе продолжат ваквите посети на основните училишта.
Кабинет на заменик министерот за ПСОЗ