Заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на крак на улицата „Цветан Димов“ во Чаир

Денеска Општина Чаир заврши со реконструкција на водоводната мрежа на крак на улицата „Цветан Димов“ и се реализираше главниот приклучок на водата кон сите домаќинства на овој дел од улицата. Овој приклучок е исклучително важен за граѓаните, бидејќи во нивните домови ќе има поголем притисок на вода.

По завршувањето на техничките тестирања кои ќе траат два до три дена, работните тимови на Општина Чаир ќе извршат целосно асфалтирање на оваа улица.

Уредувањето на подземната инфраструктура ќе продолжи и на повеќе други улици на територијата на Општина Чаир.

Link with us
Game bài đổi thưởng