Зелената партија ДОМ на сите граѓани им го честита 11 Октомври – Ден на востанието на македонскиот народ

ДОМ: Честит 11 Октомври!

Зелената партија ДОМ на сите граѓани им го честита 11 Октомври – Ден на востанието на македонскиот народ.
На овој ден, во 1941 година, со акциите на партизанските одреди во Прилеп и Куманово, во Македонија започна антифашистичката народноослободителна борба. Во борбата против фашизмот, обединети од иделите за слобода, еднаквост и правда, масовно се вклучија македонските граѓани од различна етничка, верска и социјална припадност и се изборија за слободна независна македонска држава.
На овој светол ден од македонската историја, им се заблагодаруваме и им оддаваме почит на сите знајни и незнајни херои од НОБ. По тој повод, делегации на ДОМ ќе положат цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ во Скопје, Прилеп и Куманово.
Нека ни е честит и вековит празникот на македонскиот непокор!

tải sunwin game bài sunwin sunwin web

sun win

sun win

tải sunwin sunwin web game sunwin

tải sunwin