ЗЕМАЛА ПО 200Е ПОТКУП ЗА ОПЕРАЦИЈА: МВР приведе лекарка во Куманово под сомнение за поткуп, во возилото ѝ најде 98 000 денари

Од МВР велат дека лекарката од пациентите земала по 12 000 денари за хируршки интервенции правени во кумановската болница, иако пациентите биле здравствено осигурани и требало да платат само партиципација. Меѓутоа, според МВР, тие не плаќале партиципација туку ѝ давале пари лично на лекарката

Лекарка од Куманово е приведена поради сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службената положба, соопшти вечерва МВР.

Откако добиле оперативни сознанија, полицајците утрово влегле во Општата болница во Куманово и извршиле претрес во Очното одделение и во автомобил паркиран во кругот на болницата. Од медицинска сестра во ова одделение одземени биле 18 000 денари, додека од возилото што го користела лекарката околу 98 000.

„Имено, Е.С. ја злоупотребила службената положба и овластување казниво по член 353 и примала поткуп од пациенти, казниво по член 357 од Кривичниот законик така што правела хируршки интервенции во службени простории на ЈЗУ Општа болница-Куманово и за интервенциите противправно земала по 12 000 денари, иако пациентите се здравствено осигурени преку ФЗО и за истата интервенција би требало да платат само партиципација, но партиципација не им била наплаќана, со што се оштетува буџетот на РСМ, туку парите пациентите ги давале лично на пријавената, непосредно пред да се изврши хируршката интервенција, а за што пациентите не добивале документ за платената услуга“, соопштија вечерва од МВР.

Лекарката е приведена и од Министерството најавуваат дека против неа ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово.

sunwin.apk mới nhất game sunwin tải sunwin

tải sunwin apk tải sunwin apk tải sunwin apk

tải sunwin

game bài sunwin game sunwin tải sunwin

sunwin web sunwin tài xỉu sunwin web