ЗЕМЈАВА СТАНУВА ИНВЕСТИЦИСКИ РАЈ: Рускиот дисконт „Мере“, познат како „руски Лидл“ влегува во Македонија

Рускиот дисконтен синџир маркети „Мере“ влегува во Македонија и бара вработени за повеќе градови низ цела држава, пишува Instore.

„Мере“ се трет по големина руски синџир маркети кој работи од 2009 година (Во Русија е познат под називот „Светофор“). Од декември минатата година работи и во Србија, каде што се планирани 100 маркети со површина од по околу 1000 квадратни метри, а неодамна е најавено отворање на 300 маркети во Велика Британија.

Во огласите што веќе се објавени, компанијата бара менаџери за развој во Скопје, Куманово, Охрид, Струга, Струмица, Гостивар, Тетово, Велес, Штип, Кочани, Прилеп, Битола и Кавадарци, менаџер за набавки, систем администратор… Огласите се активни до средина на јули.

Извор: instore.mk

Link with us
Game bài đổi thưởng