На панел дискусијата учествуваа претставници од женските организации на СДСМ, ДУИ и ЛДП. Со свое излагање учествуваше и Заменик Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Џабир Доко.
Претседателката на женската организација на ТХП Ајсел Сејфулла истакна дека партиското раководство дава особена поддршка и поттик на жените од турската националност за нивното активно учество во политичкиот живот. Таа потенцираше дека ТХП е прва партија од турската заедница која формираше женска организација.
Џабир Доко во своето излагање обрна внимание дека во нашето општество сѐ уште има недоволна свесност за женските права и често пати оваа тема е занемарена и дека токму активните чинители на општеството треба да дадат поголем придонес за актуелизирање на овие прашања. Доко додаде дека мора сите заеднички да работиме да се сруши сосема погрешната теза дека местото на жената е само во домот, напротив жените со своите квалитети и потенцијал треба подеднакво да бидат вклучени во сите сегменти од општеството.
Партија за движење на Турците смета дека само со силни, слободни и успешни жени општеството може да се развива во демократска и здрава средина.