ЖЕСТОКИОТ ДИПЛОМАТСКИ ПРИТИСОК И АНГАЖМАН НА МАКЕДОНСКИОТ ДРЖАВЕН ВРВ ДАВА РЕЗУЛТАТИ: Радев најави можност да се крене бугарското вето!?

Што поскоро воспоставување политички дијалог на највисоко ниво со Македонија за час поскоро да има придвижување на отворените прашања, порачa бугарскиот претседател Румен Радев од Брисел и прв пат отворено призна што очекува Европската Унија од Софија на Советот за општи работи на 22 јуни.

-Секој ден добивам покани за разговор со европските лидери, со еврокомесари, со лидерите на ЕУ. Темата е многу чувствителна, очекувањата се големи, нема да кријам. Се очекува на Советот во втората половина на јуни да има придвижување за прашањето за европскиот пат и за започнување на преговори за Македонија. , изјави Румен Радев, претседател на Бугарија

А, дека има сериозно раздвижување во Софија, се насети и на денешната прес-конференцијата на техничкиот министер за надворешни, Светлан Стоев. Тој денеска го промовираше тимот за преговори со Македонија, предводен од неговиот заменик, Румен Александров и посочи дека дијалогот со Македонија е приоритет број 1 на бугарската надворешна политика. Појасни дека неопходен ќе биде мониторинг на Брисел кој ќе гарантира дека Скопје ќе го почитува договореното. Радев пак вели дека го чека акцискиот план што македонската влада треба да и го испорача на Софија за да се утврди дали се совпаѓа со бугарските национални интереси.

-Чекаме да видиме каква патна карта (акциски план) ќе предложат од Македонија, за која се има амбиција да биде приложена во преговарачката рамка. Исто така објаснив дека таа патна карта треба да биде споредена со барањата (декларацијата) во бугарскиот парламент., вели Радев

Радев од Брисел се враќа во Софија, па оттаму со државниот авион ќе слета во Скопје. На аеродромот по куса со средба со македонскиот колега Пендаровски и двајцата заедно ќе отпатуваат за Рим на чествување на Светите браќа Кирил и Методиј. Формални преговори за билетарелниот спор не се предвидени, иако е јасно дека прашањето ќе биде неизбежна тема на разговор.

Link with us
Game bài đổi thưởng