Жителите на Ново Маало собираат потписи: Разочарани сме од нашите сограѓани кои поднеле иницијатива за стопирање на градбата спроти „Холидеј Ин“

Жителите на населбата Ново Маало во Центар собираат потписи за петиција која во понеделник ќе ја достават до сите надлежни институции.

– Ние жителите на Ново Маало целосно сме разочарани од нашите сограѓани, нашите комшии кои живеат во Градски Sид кои поднеле иницијатива за стопирање на градбата спроти „Холидеј Ин“. Тие директно сакаат да не спречат ние да го решиме нашиот долгогодишен проблем. Бараме итно да се повлечат од таа иницијатива и да покажат хуманост и доблест, се вели во соопштението од жителите на Ново Маало.

Велат дека е крајно несовесно да покренуваат постапки со кои не можат да си го реализираат нивното загарантирано право.

– Сакаме да ги потсетиме дека кога нивните кули се градеа пред 50 години, тие доаѓаа кај нас да им помагаме, земаа вода и добиваа поддршка на секој начин. Овој нивни гест на себичност е за секоја осуда. Нивното право на ниеден начин не се нарушува, но нашето да. Тие на ниеден начин нема да бидат оштетени, но ние да, посочуваат во соопштението.

Додаваат дека оваа битка ќе ја продолжат до крај со сите можни средства.

Жителите од Ново Маало викендов масовно собирале потписи за петиција со која бараат Општина Центар и Владата да постапат согласно законите и да овозможат изградба на комплексот кој е предвиден да се гради на паркингот на „Холидеј Ин“, информираат жителите од Ново Маало.

– За само еден ден успеавме да собереме 250 потписи од сопственици на имот и со оваа петиција, даваме целосна поддршка на инвеститорот, а преку истата , и најостро ги осудуваме најавите и барањата на поединци, организации и институции за стопирање на проектот. Крајно сме револтирани од предлозите за суспензија на планот и притисокот за ова кој го прават луѓе кои живеат во удобни домови, наспроти жителите на Ново Маало кои со децении живеат во услови кои ни одблиску не наликуваат на хумано домување – велат жителите на Ново Маало.

Тие најавија дека доколку дојде до таква постапка, подготвени сме да излезат на протест, да ја блокираат работата на Општина Центар, како и да поднесат тужба до надлежните органи за претрпена штета од 1930 до 2021 година, но и до Стразбур.

– Ги известуваме и останатите сопственици на имот кои не дошле до информација за петицијата, а сакаат да се потпишат на истата, да се обратат на меил адресата zitelinovomaalo@gmail.com за да го изразат својот интерес – велат жителите на Ново Маало.

Link with us
Game bài đổi thưởng