Со задоволство можам да кажам дека наставата за учениците од прво до трето одделение во училиштата во Аеродром се одвива во најдобар ред и се почитување на сите пропишани здравствени протоколи.
Исто така, без проблеми се одвива и онлајн-наставата за другите ученици.
Ја користам оваа можност да ве информирам дека по средбата во Министерството за образование и наука, се интензивира изградбата на училиштето „Димитар Македонски“ и до Нова година се очекува да биде комплетно завршена една фаза.
Како општина се трудиме да ги обезбедиме сите услови за учениците со цел непречено да се одвива наставата.