ЗНААТ ЛИ БУГАРИТЕ ДЕКА И НИВНИОТ ЈАЗИК Е КОДИФИЦИРАН 1945-ТА ОД КЛЕТИТЕ КОМУНИСТИ?!

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————

За деновите на албанската, македонската и бугарската азбука

Честит 22 ноември, денот кога е одржан Битолскиот конгрес во 1908 и се одбележува како Ден на албанската азбука. И оттогаш требало да протече многу вода за да се стандардизира албанскиот јазик, кој во времето на „комунизмот“ бил заснован на наречјето на Тоските.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————–

И нема ништо лошо во тоа што што и албанскиот и македонскиот јазик биле стандардизирани по Втората светска војна врз основа на конкретни наречја, впрочем, како и другите современи јазици.
Лошо е ако не знаеш кога ти е јазикот стандардизиран, ако го сметаш за „од Бога даден“ и ако ги понижуваш соседите зашто си стандардизирале свој јазик во своја држава.

* реклами —————————————————————————————————————————————–

—————————————————————————————————————————————————

Паметам, кога престојував во Софија, честопати ме провоцираа со прашањето: Дали знаеш дека јазикот на кој зборуваш е вештачки создаден од комунистите во 1945 година?
На прашање одговарав со прашање: А дали ти знаеш кога е стандардизиран бугарскиот јазик и бугарската кирилица на која сега пишуваш?
Повеќето соговорници не знаеја (или пак не сакаа да одговорат на прашањето).

* реклами —————————————————————————————————————————————–

————————————————————————————————————————————————————

Тогаш се прашував: Дали на Бугарите им е срам што денес кај нив е во сила бугарска кирилица од 30 букви која е резултат на „комунистическата правописна реформа от 1945 г.“?
Па, не треба воопшто да се срамат поради фактот што современиот јазик им е реформиран од комунистите, како што не се срамиме ниту ние ниту Албанците.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————–

И зошто мноштвото Бугари не знаат која година нивниот министер Иванчев, официјално го кодифицирал стандардниот бугарски јазик (заснован на источни наречја) со официјален правопис, врз основа на ортографијата на Дринов?

За уште да веруваат во прикаски за мали деца дека стандардниот јазик им е паднат од небо, а не „вештачки“ создаден?

Жарко Трајаноски, фб пост

Link with us
Game bài đổi thưởng