Зошто младите од генерацијата „Зед“ родени во 90-тите, се чувствуваат истоштено на своите работни места?

Photo by Andrea Piacquadio: https://www.pexels.com/photo/man-in-black-suit-covering-his-face-with-two-hands-3778964/
Исцрпени и под притисок уште во најраната фаза од нивната работна кариера. Многу од младите од генерацијата „Зед“ (Gen-Z) се чувствуваат истоштени на своите работни места и дожуваат ‘burn out’, пишува Би-би-си во анализата на овој актуелен проблем во денешните општества.

Анкетно истражување спроведено од веб-страницата за работни места Indeed покажа дека работниците од двете последни генерации – Милениумците и Gen-Z пријавиле највисоки стапки на исцрпеност на своите работни места, од 59 отсто односно 58 отсто. Ова е огромен раст во споредба со 2021 година, кога 47 отсто од испитаниците од Gen-Z рекле дека се чувствуваат исцрпено на своите работни места. Слични истражувања се веќе спроведени во САД и Велика Британија.

Исцрпеноста е значаен проблем со кој се соочуваат дел од вработените лица подолго време, но загрижувачки се податоците што многу млади луѓе веќе пријавуваат чувство на исцрпеност во најраните фази од нивните кариери.

Универзитетската професорка Ким Холингдејл посочува дека младите од генерацијата „Зед“ имаат најлош збир од стресни фактори за да постигнат исцрпеност на своите работни места, вклучувајќи цел опсег од недостатокот на моќ и финансиската нестабилност до нормализирањето на културата на метежот и невозможноста да се постигне опуштање. Припадниците на оваа генерација имаат најмала можност да кажат „не“ на зададените задачи.

Истражувањето на Deloitte од 2021 година покажало дека 41 отсто од Милениумците и 46 отсто од испитаниците на генерацијата „Зед“ се чувствувале под стрес цело време или поголемиот дел од времето поради нивните финансиски околности. Трошоците на живот забрзано растат низ годините, а чувство на загрозеност од ваквите придвижувања трпат токму помладите лица.

За да ги платат своите сметки, професорката Холингдејл вели дека работниците од Gen-Z чувствуваат притисок да се ангажираат на дополнително работно место, што потенцијално ги зголемува шансите за исцрпеност.

Уште еден проблем е големата изложеност на младите од Gen-Z на социјалните медиуми. Би-би-си пренесува истражувачки резултати кои велат дека младите поминуваат четири и пол часа на социјалните медиуми дневно, што е еден час подолго од Милениумците. Поради ова, младите вработени потешко ги игнорираат работните известувања кои постојано им се појавуваат на нивните телефони или компјутери.

Покрај овие стресови, анализата на Би-би-си пишува дека припадниците на Gen-Z се соочува со специфични предизвици кои произлегоа од ковид-19 пандемијата. Многу од младите работници се соочија со работење од далечина, што влијаело негативно на градењето ефективни односи во организацијата каде работат и потешко прилагодување на работното место поради функционирањето онлајн. Поради долготрајната пандемија, има млади вработени кои воопшто или многу малку ја почувствувале работата со другите колеги и колешки во канцеларија.

Сепак, анализата на Би-би-си им препорачува на младите вработени дека едно од ретките излезни решенија од синдромот ‘burn out’ е да разговараат за исцрпеноста со своите менаџери, но и дека поседувањето поголема свесност за исцрпеноста што ја чувствуваат е предност. Поради ова, тие можат многу послободно да зборуваат на оваа тема.

tải sunwin

sunwin club sunwin tài xỉu sunwin

tải sunwin

sun win

sun win