Почитувани новинари и претставници на локалните медиуми во нашата земја,Ни претставува огромна чест и задоволство да Ви го најавиме новиот проект на Битрикс Културен Центар: Танц.Трансформатор – Реобмислување на локалната танцова заедница поддржан од Амбасадата на Швајцарија и Агенцијата за развој и културна соработка. Имено странува збор за голем едногодишен проект во рамките на кој ќе се реализираат три танцови продукции, од кои две со интернационални кореографи, а една со Ивана Балабанова како локален кореограф. Создавањето на проектот е резултат на долгогодишниот активизам на центар Битрикс во правец на развој на платформи за едукација и афирмација на локалната танцова заедница. Овојпат, со посебен фокус кон решавање на проблемите и недостатокот на можности за работа и заработка на професионалните современи танчари, го иницираме создавањето на овој проект, најдевајќи се дека на долг рок ќе прерасне во континуирана можност за танчарите. Во продолжение на овој маил ви доставуваме прес драфт со сите потребни информации, како и креативата на проектот.