МАКТЕЛ

     

Темната страна на кинеската посета

      

Ако кинеската дипломатија е исклучително способна да манифестира интереси и симболики во индиректна форма, тогаш можеме уште полесно да ја разбереме агендата од мини-турнејата и значењето на посетата на Ши Џинпинг на Франција, Србија и Унгарија, пишува Ивор Мицковски за Дојче веле. Франција во моментов е главниот европски играч, а Макрон е најпрагматичниот лидер во очите на Пекинг, иако францускиот претседател најмногу се истакна против Русија, чиј сојузник е Кина, а во корист на Украина. Самото тоа кажува дека денешниот обид да се подели Европа е многу поразличен од оној пред 5 години, последниот пат кога Ши стапна на европско тло.

Тогаш Ши Џинпинг го славеше влезот на една земја од Г7, како Италија, во својата глобална геополитичка инфраструктура, преку нејзино приклучување кон „Новиот пат на свилата“, но денес Кина се соочува со јавен и политички дискурс кој има далеку помала доверба во Пекинг. Италија ја напушти „Belt & Road Initiative“ како дел од големата западна шема на „de-risking“ и „de-coupling“ од Кина, нешто што беше нужно и порано, но стана итно со руската инвазија на Украина.

Внимателноста на Шолц

   

Парадоксално, но војната во Украина во исто време ја подобри и ја влоши обединетоста на ЕУ во однос на Кина. Од една страна, ЕУ се обедини во одбрандбените економски мерки и инструментите за ограничување на условувањата од Пекинг, но од друга страна ги истакна големите разлики помеѓу германските интереси и оние на остатокот од Европа. Не случајно, токму германскиот канцелар Шолц беше големиот отсутен на средбата на Макрон-Лајен и Ши во Париз, иако беше поканет и присутен во главниот град. Се разбира, оправданието од кабинетот на Шолц дека е несоодветна нова средба после неговата минатонеделна посета на Кина држи, но мошне е веројатно дека германскиот канцелар сакал да избегне средба каде би се изложиле аргументи на несогласување.

Европскиот пристап кон Кина во последните години е далеку поослободен од страв, ЕУ ја етикетираше како „системски ривал“, ја поддржа Литванија пред економското условување на Пекинг и прифати еден мултидимензионален пристап во тензиите со Народната Република, преку разни мерки на економска безбедност. Па сепак, беше пропуштена шансата и желбата на Емануел Макрон да се пречека Ши со обединет европски фронт, како пред 5 години, кога на тогашната посета во Париз го пречекаа и Ангела Меркел и Жан-Клод Јункер. Шолц е внимателен кон Кина заради германските производители и тоа е разбирливо, како што е јасно дека Европа не може за кратко време целосно и тотално да се откачи од Кина, но дали на овој начин не се ризикуваше пред кинескиот гостин да се престави една расцепкана и фрагментирана Европа?!

Балансирањето на Макрон

Макрон од тој аспект се најде во позиција да балансира со имиџот на Европа во односите со Кина. Источните Европејци денес се многу повеќе трансатлантски расположени, но има и примери на земји како Унгарија и Словачка, а да не зборуваме за Србија, кои опасно се приближуваат кон Русија и Кина. Франција е во средината и тоа ја прави интересна посетата на Ши на Франција и прошетката на Пиринеите, каде настрана економските теми, се продискутира и за политичките. Макрон извлече две срамежливи концесии од Ши. Првата е делумно прифаќање на „олимпиското примирје“, каде Кина се приклучи кон апелот за „брз прекин на огнот“ и „создавање на услови за мировни преговори“ на паритарна основа помеѓу Русија и Украина.

Другиот дипломатски резултат е дека Макрон добил гаранции оти Пекинг ќе се „воздржи од продажба на оружје“ на Москва и дека „строго ќе го контролира“ извозот на опрема за двојна употреба во Русија. Ши ја искористи посетата за да го нападне Вашингтон и другите западни земји кои го обвинуваат Пекинг дека го поддржува Кремљ додека води војна против Украина.
„Ние се спротивставуваме на користењето на украинската криза за да ја префрлиме вината, да клеветиме трета земја и да поттикнеме нова студена војна“, ќе додаде Ши.

Ши наскоро ќе биде домаќин на Путин, па ќе видиме дали „моментот на координација“ со Франција и заедничката желба за траен мир ќе произведат политичка волја и вистински резултати. Целта на Макрон беше да се осигура дека Кина, главниот сојузник на Русија, нема да даде јасна поддршка за нејзините воени напори во Украина. И Макрон не е ослободен од својот дел на одговорности во поткопување на трансатлантските врски и европската обединетост, кога лани го задоволи кинескиот моќник во Пекинг со изјавата дека Тајван е внатрешно кинеско прашање и дека Европа не смее да дозволи САД да го вовлечат во конфликтот, притоа нагласувајќи ја потребата Европа да развие стратешка автономија независна од САД.
Но, тоа не значи дека Макрон ги поддржува глобалните амбиции на Кина, колку што има намера да стане предводник на Европа и да си обезбеди делче од сферата на влијание во која доминира Америка.

Намерите на Ши

Европската турнеја на кинескиот лидер, која продолжи во Србија и Унгарија, е доказ дека Ши ќе продолжи да игра на две маси и да седи на две столчиња. Ако прошетката низ Пиринеите му послужи на Ши да ја ограничи штетата од европските трговски истраги и од економските мерки и да се прикаже како пријател на мирот, неговата посета на Белград и Будимпешта носат сосема друга порака. Ши сака да ги покаже економските предности од „Doing Business“ со Кина, да му се нафрли на НАТО, на тој начин намигнувајќи му на Путин и испраќајки порака до ривалите, и конечно, да покаже дека Кина сѐ уште има пријатели во овој дел од Европа кој спаѓа во европската и американската сфера на влијание.

Одбраниот датум за посета на Белград, 7 мај, не е воопшто случаен. Кинескиот лидер пристигна точно на денот на 25-годишнината откако НАТО ја погоди тамошната кинеска амбасада и беа убиени тројца кинески новинари. НАТО, нападот го прогласи за ненамерна грешка, нешто на што Пекинг никогаш не поверува и за нив тоа и понатаму е отворена рана.

Потсетувањето на НАТО-бомбардирањето му овозможува на Ши да повлече паралела со денешните состојби, нагласувајќи го кинескиот наратив, според кој западниот светски поредок (поточно, америчко-центричниот) има потреби од корекции. Во овие години на војна во Украина, кинеските државни медиуми постојано го дефинираа НАТО како „остаток од Студената војна“, кој постојано „ги распламтува кризите“ и се вели дека источното проширување на НАТО, предводено од САД, е всушност коренот на војната во Украина. Музика за ушите на пријателот Путин!

Се разбира, оваа анти-НАТО и анти-САД реторика одлично игра и во интерес на Кина и нејзините проблеми во Азија, каде токму Пекинг највеќе стравува од прегратката на НАТО, односно, да биде ограничена и воздржана од азиските сојузници на САД. И на Ши и на Вучиќ политички им одговара „челичното пријателство на Србија и НР Кина“. На Кина за да покаже дека има пријатели во Европа, во дворот на ЕУ и САД, на Србија за да има уште еден светски актер, покрај Русија, благодарение на кој ќе балансира помеѓу НАТО – ЕУ и Истокот.

Не случајно, Кина се клади на двете најслаби алки на Стариот континент – Србија и Унгарија. Турнејата на кинескиот лидер е точно калибрирана со цел да ги подели своите ривали, да ја ослабне обединетоста на Европа околу трговијата и економијата, и преку критиките на НАТО и САД да ја промовира целта на Пекинг за воспоставување на нов светски поредок. Ши вешто ја испланира својата посета за да го продлабочи јазот во Европа, помеѓу нејзините членки и за да го зајакне анти-НАТО фронтот.

Вистината е дека целта на посетата на Ши е да ги пофали и награди нелибералните и антиевропските земји од регионот, додека воедно ќе ги ослабне трансатлантските врски. Тајмингот и во однос на претстојните европски избори не е воопшто случаен – Кина навива против либералниот мејнстрим и се надева на победа на европските десничарски популисти. Ши беше пречекан во Будимпешта на 8 мај, на 20-годишнината од влезот на Унгарија во Европската Унија. Земја која во меѓувреме се претвори во центар на руските и кинеските интереси. Едноставно кажано, Ши се врати во Европа со цел да ја оддалечи од Америка.

   

Најново

ЗЛАТЕВ: АПАСИЕВ ТРЕБА ДА БИДЕ СУДЕН ЗАТОА ШТО БЕШЕ НА ПАРАДА?! Рускиот рулет на Таравари!

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Сотир Костов и Мирјана Најчевска

Sase Ivanovski

Учество на премиерот Христијан Мицкоски на Самитот 2025 во организација на „Македонија 2025“

Sase Ivanovski

“На кавга со Иван“ – Љубомир Гајдов

Sase Ivanovski

Тема на денот со Крис Павловски

Sase Ivanovski

Руските војници ги заменуваат тенковите со мотоцикли

Sase Ivanovski

Полска нареди затворање на рускиот конзулат во Краков откако Москва беше обвинета за подметнување пожарот во 2024 година

Sase Ivanovski

ЗЕМЕТЕ СИ КАБАНИЦА ИЛИ ЧАДОР Ќе врне и ќе дува засилен ветер низ цела Македонија

Sase Ivanovski

СО ДОБРИ ЗАКОНИ МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СТАНЕ ЕВРОПСКИ КРИПТО ЦЕНТАР Фокусирајте се на енергијата и на вештачката интелигенција и ќе имате просперитет, порачува Крис Павловски

Sase Ivanovski

ОТСЕГА МОЖЕТЕ ДА СИ КУПИТЕ ДЕВОЈКА РОБОТ ЗА 125.000 ДОЛАРИ Дали „епидемијата“ на машка осаменост е сериозен проблем во денешницата?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕМАТЕ ВРЕМЕ ДА СРЕДУВАТЕ ПО ДОМА? Овој робот може да ве замени – чисти, пере и дипли алишта

Sase Ivanovski

ВО 3:30 ЧАСОТ НЕКОЈ МИ ТРОПНА НА ВРАТАТА И МИ ЈА СООПШТИ ЛОШАТА ВЕСТ Мицкоски откри кој бил неговиот најтежок ден во животот

Sase Ivanovski

Хамас на МКЦК му го предаде израелско-американскиот заложник Еден Александар

Sase Ivanovski

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година

Sase Ivanovski

Касами: Нема да има (пре)именување улици во Тетово пред локалните избори

Sase Ivanovski

Касами за 360- Може ке направиме трампа и ќе им го дадеме министерството за здравство на ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Таравари- Влеговме во влада со ветување дека за 6 месеци ке ги почнеме преговорите со ЕУ. Нема ништо од тоа и одиме во опозиција

Sase Ivanovski

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот

Sase Ivanovski

Со нож го убил својот татко во Подгорица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар во куќата на британскиот премиер

Sase Ivanovski

„Мајка ти треба сама да дојде“: Адвокат кој ја застапувал својата беспомошна мајка, не можел да и извади картичка од ЈСП

Sase Ivanovski

Откако го откажа декемврискиот концерт во Скопје, Владо Јаневски најавува ексклузивен концерт на лето во Охрид!

Sase Ivanovski

Нарендра Моди: Индија ја прекина својата воена акција и ќе одговори на секој терористички напад

Sase Ivanovski

Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде се лекуваа македонски пациенти повредени во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Вучиќ го пречека Кошта во Белград: Ќе разговараме за клучните прашања од односите меѓу Србија и ЕУ

Sase Ivanovski

„Арс Ламина“ освои седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата 2025

Sase Ivanovski

Газдата на „Рамбл“ предлага Македонија да биде неутрална како Швајцарија

Sase Ivanovski

Касами: Таравари избра да ја игра улогата на тројански коњ

Sase Ivanovski

Крис Павловски, директорот на „Рамбл“: Моите родители се од тука, сакам да направам Македонија да напредува

Sase Ivanovski

Димитриевски: СДСМ ја претвори Македонија во корупциски пазар

Sase Ivanovski

Арбен Таравари излегува од Владата

Sase Ivanovski

Топ Тема: Дали политиката ја убива емпатијата?

Sase Ivanovski

Куќа стара 738 години во Швајцарија има извонредна тајна за својата долговечност. Изградена во 1287 година, Витлеемската куќа е најстарата дрвена куќа во Европа, изградена без метални клинци

Sase Ivanovski

Терасираната висококатница во Росток (1969–1977), дизајнирана од архитектите Ватерстрат, Баумбач и Росток колективен станбен градежен комбинат

Sase Ivanovski

Шилегов распали по Венко Филипче: Златна да визата!

Sase Ivanovski

ЛДП: Градскиот парк личи на џунгла, излегува на површина неспособноста на Арсовска

Sase Ivanovski

Апасиев: Во Влада се луксузираат, а во Собранието нема паркинг, кафе и јајца за доручек

Sase Ivanovski

Јаневска: Се залагаме за едносменска настава во сите училишта

Sase Ivanovski

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

Sase Ivanovski

Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Оваа влада има доволно мнозинство за да продолжи со проекти во корист на граѓаните

Sase Ivanovski

Песков: Јазикот на ултиматум не може да се користи за дијалог со Русија

Sase Ivanovski

Анчелоти е нов селектор на Бразил

Sase Ivanovski

Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не е здрава храна ако го намалиме лебот и го тргнеме „благото“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова може да ја револуционизира иднината на возењето

Sase Ivanovski

Машен, Германија – Повеќе од град, тоа е еден од клучните железнички центри во Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: За нас, говорат делата!

Sase Ivanovski

Недела поладне во Белград! Pan-Pot во кафетерија

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Каде што застана Груевски, продолжува Мицкоски

Sase Ivanovski

Масивната вежба на писта на американските воздухопловни сили со 53 авиони – испратена порака до ривалите како Кина

Sase Ivanovski

На многаја лета Свети Василиј Острошки…

Sase Ivanovski

Полска еднаш ги отвори вратите за милиони украински бегалци, но сега расположението се смени

Sase Ivanovski

Полска: Руската тајна служба стои зад пожарот во трговскиот центар во Варшава во 2024 година

Sase Ivanovski

Научниците откриваат колку точно тежина ви е потребно за да кревате за да стекнете мускули

Sase Ivanovski

САД и Кина се согласија да ги намалат царините во рамките на деескалацијата на трговската војна

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп е подготвена да прифати „палата на небото“ како подарок за Трамп од Катар

Sase Ivanovski

Објавена е првата излезна анкета од изборите во Албанија, Социјалистичка партија и Еди Рама водат со 79 пратенички места

Sase Ivanovski

Зошто кинескиот борбен авион J-10C „Vigorous Dragon“ е во тренд…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бендот „Фанк Шуи“ со голем хуманитарен концерт за Кочани во МКЦ на 15 мај

Sase Ivanovski

Ќе се работи Студија за природните вредности на Јабланица, целта е да се прогласи за заштитено подрачје

Sase Ivanovski

Лишени од слобода четири лица во гостиварско затоа што управувале возила со поголема брзина од дозволената

Sase Ivanovski

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Sase Ivanovski

Ретроспективната изложба на Анета Светиева

Sase Ivanovski

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Sase Ivanovski

Муртезани на средба со известувачот за Северна Македонија, Вајц  во Брисел: стратешки разговори за напредокот во пристапниот процес и поддршка за реформите

Sase Ivanovski

Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

(ФОТО) (Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Европските лидери го посетија Киев и и порачаа на Русија: 30-дневен прекин на огнот сега или ќе се соочат со огромни санкции

Sase Ivanovski

ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ, КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КОН СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Sase Ivanovski

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ЗНАМ не можат да излажат никого

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ

Sase Ivanovski

Вчера 968 сообраќајни прекршоци, 636 за брзо возење

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Пронајдена дрога во Кавадарци, лишени од слобода две лица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонскиот павилјон меѓу 10-те највпечатливи на Венециското биенале, GOVTECH дигитална програма за решавање на проблемите на граѓаните, се зголемува довербата на граѓаните во финансискиот систем

Sase Ivanovski
Вчитувам....