Администрацијата во Вашингтон најави нови 800 милиони долари воена помош за Украина, за првпат вклучувајќи артилериски системи, борбени дронови и хеликоптери, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
– Тоа ќе бидат истите, но и нови потенцијали досега неиспорачани на Украина, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
Меѓу досега неиспорачаната помош, најголеми парчиња ќе бидат советските хеликоптери Ми-17, што САД ги пренасочија од Авганистан во Украина. Таа ќе добие 11 такви хеликоптери. Потоа, малите дронови „Свичблејд“ познати и како „камикази дронови-убијци“, 300 парчиња. Тие дронови можат да уништуваат војници и возила.
И за првпат, Украина од САД ќе добие и хаубици што испалуваат артилериски проектили врз мети на голема далечина. Такви Киев ќе добие 18, заедно со 40.000 полнења муниција за нив. На листата се и крајбрежни морски дронови за одбрана од руските бродови на Црното Море, 200 оклопни транспортери, радари против артилериски оган AN/TPQ-36, како и заштитна опрема од биолошки, радиолошки и нуклеарни напади.
Германија вети воена помош за Украина во вредност од над милијарда евра
Германската Влада соопшти дека планира да испрати повеќе од милијарда евра воена помош за Украина.
Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер потврди дека германската Влада планира да ја зголеми меѓународната помош за одбранбениот сектор на две милијарди евра, од кои повеќето ќе бидат за Украина.