Државниот секретар на САД, Антони Блинкен рече дека не видел знаци дека разговорите меѓу Украина и Русија „се движат напред на ефективен начин“, бидејќи САД не виделе „знаци на вистинска сериозност“ од страна на Русија.
„Тоа е она што Русија го кажува, и она што го прави Русија. Фокусирани сме на второто“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со мароканскиот министер за надворешни работи Насер Бурита.
Блинкен предупреди дека Русија кога вели дека ќе ги намали непријателствата околу Киев може да биде „средство со кое Русија уште еднаш се обидува да ги одврати и измами луѓето да мислат дека не го прави тоа што го прави“.
„Ако некако веруваат дека обидот да се потчини“ само, „во наводници, источниот и јужниот дел на Украина може да успее, тогаш повторно длабоко се залажуваат себеси“, рече Блинкен.
Блинкен ја повика Русија „сега да ја прекине агресијата, да престане да пука, да ги повлече своите сили и секако да се вклучи во преговорите“, објави Си-Ен-Ен..