(ВИДЕО) ШОКАНТНО: АКТИВИСТ НА ВМРО-ДПМНЕ ПОПРЕЧУВАЛ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕД САЛА РАСАДНИК, ИНТЕРВЕНИРАЛА И ПОЛИЦИЈАТА
(ВИДЕО) ШОКАНТНО: АКТИВИСТ НА ВМРО-ДПМНЕ ПОПРЕЧУВАЛ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕД САЛА РАСАДНИК, ИНТЕРВЕНИРАЛА И ПОЛИЦИЈАТА
(АУДИО СНИМКИ) Баџанакот на Мицкоски затечен во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, доктор бутал членови преку ред ама СДСМ секако е подобар избор
(АУДИО СНИМКИ) Баџанакот на Мицкоски затечен во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, доктор бутал членови преку ред ама СДСМ секако е подобар избор
Тачи: Беса ќе се спои со СДСМ, Алтернатива со ДУИ, а Алијанса со ДПА
Тачи: Беса ќе се спои со СДСМ, Алтернатива со ДУИ, а Алијанса со ДПА
ВАКВА ПЛАЧКА И ЛИГУШ САКА ДА ГО ВОДИ СКОПЈЕ?!?! Арсовска не прифаќа дебати со Шилегов: Ме деградира и ги негира моите квалитети
ВАКВА ПЛАЧКА И ЛИГУШ САКА ДА ГО ВОДИ СКОПЈЕ?!?! Арсовска не прифаќа дебати со Шилегов: Ме деградира и ги негира моите квалитети
Заев: Aрсовска е државјанка на Бугарија, неетички е тоа да не им го каже на граѓаните
Заев: Aрсовска е државјанка на Бугарија, неетички е тоа да не им го каже на граѓаните
Полицајци од Прилеп бараат извинување од Ковачки и најавија тужба: Тоа се клевети за настани кои никогаш не се случиле
Полицајци од Прилеп бараат извинување од Ковачки и најавија тужба: Тоа се клевети за настани кои никогаш не се случиле
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Луѓето како да забораваат дека ние, „Бебето од катран“ сме член на НАТО, тоа беше научна фантастика во 90-тите
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Луѓето како да забораваат дека ние, „Бебето од катран“ сме член на НАТО, тоа беше научна фантастика во 90-тите
Владата даде зелено светло: Почнуваат со работа ноќните клубови и дискотеките
Владата даде зелено светло: Почнуваат со работа ноќните клубови и дискотеките

Британците нема да се збогуваат од Европа така тешко како што се стравуваше. Сепак овој чекор останува голема историска грешка, смета Бернд Ригерт

Британскиот Брегзит-премиер и преговaрачите од ЕУ очигледно сакаат драма за да ѝ докажат на – во меѓувреме прилично изнервираната – публика, особено во Велика Британија, дека до последно се бореле да ги одбранат своите интереси. Договорот кој беше постигнат непосредно пред католичкиот Бадник, можеше да биде склучен пред три, па дури и пред шест месеци. Освен неколку маргинални промени во однос на рибарските квоти, договорот го содржи она што уште летоска и беше понудено на Велика Британија од страна на ЕУ.

Со една мешавина од смелост и наивен популизам,„палавиот” премиер на својот народ му го продава договорот како огромен успех. Сите ветувања од Брегзит кампањата од 2016 биле спроведени, „труби” Џонсон. Тоа не е точно. Договорот е класичен компромис како и сите други трговски договори. Ниту една одредба не е подобра од она што го имаа Британците како членки на ЕУ. Сеопфатниот договор кој сега може да стапи на сила е една послаба верзија на заеднички пазар во кој двете страни се подготвени во иднина евентуално да се оддалечат една од друга. Од заштита на климата до наука, транспорт и борба против тероризмот и понатаму продолжува заедничката соработка во духот на взаемна доверба. Но, дали оваа доверба е се уште оправдана со оглед на британските подместувања и финти во преговарачкиот процес, останува на Европа допрва да процени.

Жртви на нео-национализмот

Како пример на губитници од Брегзит да ги земеме британските студенти кои повеќе нема да можат да учествуваат во програмата за размена на ЕУ, „Еразмус“. Таа и била прескапа на британската влада. И на младите академици од странство сега ќе им биде потешко да студираат на скапите британски Универзитети. Тоа ќе го чини британското општество сепак многу повеќе отколку инаку доспеаните придонеси за „Еразмус“.

Како и многу други, и оваа добро осмислена програма падна жртва на олтарот на тупавиот неонационализам на поддржувачите на Брегзит. Остроумниот популист Борис Џонсон играше на картата на суверенитет, која сѐ уште добро проаѓа кај Британците.Тој тврди дека ја вратил назад контролата која Велика Британија всушност никогаш не ја имаше ни предадено на Брисел. Со ниту една членка на ЕУ не владее некаква дифузна окупаторска сила во далечната Белгија. Сите се вклучени во носењето закони и сите подеднакво ги спроведуваат пресудите на Судот на правдата. Никој не е принуден на членство.

Изместена претстава за суверенитет

Џонсон дури зборува дека Велика Британија сега повторно станала независна. Независна од кого? Премиерот и неговите Брегзит “другарчиња” се држат за поим за суверенитет од предминатиот век во кој морињата беа преплавени од британски бродови на една речиси бесконечна империја. Денес секоја земја која се впушта во трговија и меѓународни релации мора да се откаже од мал дел од својот суверенитет за да ги користи предностите на кооперацијата. Членството во Светската трговска организација, во ООН, во НАТО и во ЕУ е поврзана со помали или поголеми обврски и права. Од независноста и државноста никој не мора да се откаже.

Истата песна како Брегзит поддржувачите ја пеат и популистите во субвенционираните Полска или Унгарија кои исто така се чувствуваат под опсада или потчинети од ЕУ во која патем доброволно се членки.

Среде пандемијата која по втор пат ја погоди Велика Британија, Борус Џонсон треба да има сфатено дека постојат поважни нешта од трчање по националистички фантазии.

Премногу тесна е поврзаноста. Само два дена затворање на каналот покажаа колку е ранлива Велика Британија. Таквото искуство можеби ја поттикнало волјата за договор во Лондон. Британската економија која и онака е многу заслабена, тешко дека ќе издржеше “треснување” од внатрешниот пазар на ЕУ во светот на правилата на Светската трговска организација.

Ветар и магла

Една година пред фактичкиот Брегзит, односно правниот крај на членството во ЕУ, Борис Џонсон уште сонуваше дека сега ќе ги отфрлеле прангите на ЕУ и ќе испреговарале лукративни трговски договори ширум светот. Што излезе од сето тоа? Ништо.

Втората по големина компанија за мобилна телефонија во светот ја разгледува опцијата да го премести своето седиште надвор од Британија по Брегзит. Диселдорф би можел да биде една од опциите за новото седиште на компанијата. Водафон веќе е присутна во германскиот град каде вработува околу 5.000 луѓе, исто така, Германија е најголемиот пазар на компанијата.

Со најголемите трговски партнери покрај ЕУ, односно САД и Кина, нема дури ни некаков договор во најава. Со Јапонија и Сингапур Лондон потпиша договори. Тие се речиси идентични со она што ЕУ го имаше испреговарано со двата партнери.

Британците едноставно го копираа. Обемот на двата договора изнесува само мал процент од трговијата на годишно ниво. Кога ќе се извлече биланс, Брегзитот останува измама во обланда. Со ЕУ на Британците би им било подобро. Без заслепувачот Борис Џонсон дотолку повеќе.

loading...

ANIMEFLIX Watch anime online, English anime online HD

Website https://animedao.nl: Watch Key the Metal Idol (Dub) animedao Episode 15 your name animedao

Website https://animeheaven.pro: Watch Tenchi Muyou! Ryououki 4th Season animeheaven Episode 4 anime in heaven

Magical Stage Fancy Lala Episode 26

Fr quora: https://fr.quora.com/profile/gogoanimelol/answers/published

500px: https://500px.com/p/gogoanimebe