Градоначалникот на Мариупол, град под опсада на руската армија, рече дека станало „невозможно да се идентификуваат многумина кои биле закопани“.
„Немаме можност да ги закопаме во приватни гробници“, рече Вадим Бојченко, додавајќи дека мртовечниците се полни и дека многу тела се уште се на улиците.
На граѓаните им се препорачува да ги покријат телата на загинатите и да ги остават на улица.
Вчера неговиот заменик Серхи Орлов изјави дека од почетокот на војната во руското гранатирање на Мариупол загинале најмалку 1.200 цивили. Но, Орлов тогаш изјави за Си-Ен-Ен дека вистинската бројка на загинати е „веројатно три или четири пати поголема“ од таа проценка.