Скапи играчки се тенковите, не се тоа ефтини метални подвижни кутии, тоа се модерни системи за навигација за испалување бомби, специјални материјали, мотори, теѓки се над 20 тона, сето тоа чини пари, еден руски тенк на пазарот чини околу 3 милиони евра, американските и германските се дупло поскапи…
Башка економските санкции што ќе ја чинат Русија неброени милијарди долари, само за уништената техника и човечки жртви Русија ќе плати голема цена. Украина досега успеа да уништи околу 300 тенкови и тешки оклопни возила, тоа е штета од околу 1 милијарда долари.
Да не зборуваме и за срушените авиони, хеликоптери, еден авион чини околу 10 до 50 милиони евра во зависност од типот и кога е произведен. И тука Руската војска губи 1 милијарда евра досега затоа што според фотките на медиумите може да се види дека се срушени најмалце 20 руски воени авиони и уште толку хеликоптери.
Се разбира најголемата цена ќе ја плати Украина, уништени градови, мостови, електрани, воени бази, школи, стамбени згради институции, тоа ќе чини 100 пати повеќе. Да не зборуваме за најважното, за човечките жртви и цивили и војници. Но и Русија ќе плати висока цена за ова лудило на Путин воден од параноја од студената војна кога бил офицер на КГБ, параноја која на стари години го претвори во монструм кој убива жени и деца низ Украина…