ДА НЕ ЗАДОЦНЕВТЕ, ВОЈНА МОЖЕБИ НЕМАШЕ ДА ИМА! Зеленски изнесе обвинувања на сметка на односот на Европа кон Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му порача на Европскиот совет дека „задоцнил“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати на самитот на земјите од ЕУ преку видео врска и им рече на членовите на Европскиот совет дека „доцнат“ со воведувањето санкции кон Русија.

Зеленски го сподели видеото од обраќањето на својот Фејсбук профил и им се заблагодари на европските лидери, но подвлече дека „малку задоцниле“.

„Да беа санкциите превентивни, Русија можеби немаше да влезе во војната. Русија немаше да создаде криза со енергетиката, сепак ќе имаше шанса“, рече тој, додавајќи дека Русија можеби немаше да влезе во војната ако знаеше дека ќе трае.

„Руската армија не гледа што е чест и не знае што е свест. Не разбира зошто толку ја цениме нашата слобода, која одредува како ќе живее една земја“, рече Зеленски.

Тој исто така рече дека руската армија веќе уништила 230 училишта, 155 градинки и дека од почетокот на војната загинале 128 деца.

„Цели градови и села, претворени во пепел. Ништо не остана. Руската армија убиваше и новинари, иако ги гледаше со натпис „Прес“. Можеби не ги научиле да читаат, туку само да убиваат“, рече Зеленски.

фото: FACEBOOK/ZELENSKIY.OFFICIAL