Нема договор меѓу ССМ и Владата, продолжува штрајкот во јавниот сектор
Нема договор меѓу ССМ и Владата, продолжува штрајкот во јавниот сектор
КОСТАДИНОВ: Спортот обединува, затоа го помагам спортот во Струмица и во овие тешки кризни времиња
КОСТАДИНОВ: Спортот обединува, затоа го помагам спортот во Струмица и во овие тешки кризни времиња
ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ: Целосно реконструирана пешачката патека од двете страни на улицата Љубљанска во Карпош
ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ: Целосно реконструирана пешачката патека од двете страни на улицата Љубљанска во Карпош
ПРОДОЛЖУВА БИТКАТА НА МВР ЗА РЕД НА УЛИЦИТЕ: 340 санкции за брзо возење ширум земјава, 191 сообраќајни прекршоци во Скопје, 49 за брзо возење
ПРОДОЛЖУВА БИТКАТА НА МВР ЗА РЕД НА УЛИЦИТЕ: 340 санкции за брзо возење ширум земјава, 191 сообраќајни прекршоци во Скопје, 49 за брзо возење
Претрес во Грчец, пронајден кокаин, приведено едно лице, Приведен бегалец од затвор, Приведени четири лица од гостиварско за издржување затворски казни
Претрес во Грчец, пронајден кокаин, приведено едно лице, Приведен бегалец од затвор, Приведени четири лица од гостиварско за издржување затворски казни
ОПШТИНА ЦЕНТАР: 20 нови јавори и друго зеленило во дворот на новата детска градинка во населба Пролет
ОПШТИНА ЦЕНТАР: 20 нови јавори и друго зеленило во дворот на новата детска градинка во населба Пролет
МЗШВ со потсетување до земјоделците: Уште 2 дена рок за доставување апликации за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари
МЗШВ со потсетување до земјоделците: Уште 2 дена рок за доставување апликации за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари
Претседателот Стево Пендаровски ја предводи државната делегација на Самитот на НАТО во Мадрид
Претседателот Стево Пендаровски ја предводи државната делегација на Самитот на НАТО во Мадрид

Џонсон: Путин никогаш нема да го освои духот на украинците, следната недела ја реотвораме бритнската амбасада во Кијив

На денешната конференција со новинарите одржана во Њу Делхи, премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон рече дека британската амбасада во Кијив повторно ќе биде отворена следната недела, пренесува Би-би-си.

Џонсон ја истакна храброста и успехот на украинскиот претседател, војниците и народот и ја посочи нивната отпорност на руските сили како значајна за Обединетото Кралство да направи потег во следниот период.

„Велика Британија и нашите сојузници нема да гледаат пасивно додека Владимир Путин продолжува со своите напади“, рече шефот на британската влада.

За време на конференцијата тој одговори и на прашањата во врска со средбата со неговиот колега и премиер на Индија, Нерандра Моди.

„Моди рече дека веќе неколку пати интервенирал да го праша рускиот претседател што мисли дека прави и каде мисли дека оди со своите постапки и нагласи дека сака русите да ја напуштат територијата на Украина, а јас целосно се согласувам со него“, изјави Џонсон.

Осврнувајќи се на прашањето на новинарите за разузнавачките служби кои сугерираат дека бомбардирањето може да трае се до следната година тој се согласи дека можно е воениот конфликт меѓу Русија и Украина да трае до крајот на следната година.

„Путин има огромна армија, но сега се наоѓа во многу тешка политичка позиција бидејќи направи катастрофална грешка. Сега единствената опција што му преостанува е да продолжи да се обидува да ги уништи украинците преку својот ужасен, артилериски пристап“, рече Џонсон.

Тој додаде дека без разлика на „воената супериорност“ што можеби Путин ќе може да ја донесе во текот на следните месеци, никогаш нема да може да го освои духот на украинскиот народ.

loading...

go88 club uy tin so mot chau a go88 club ios sunwin - go88

sunwin pc tại sunwin pro plus ios đăng nhập sunwin