Еден од најсмртоносните снајперисти во светот треба да се приклучи на борбите во Украина, откако одговори на повикот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој апелираше до странските доброволци да и помогнат на земјата во борбата против руските окупатори.
Канадскиот стрелец, познат само по прекарот „Вали“, потекнува од елитниот 22-ри кралски канадски полк и има претходно борбено искуство од конфликтот во Кандахар за време на војната во Авганистан помеѓу 2009 и 2011 година, пишува Дејли Меил.
После тоа, 40-годишникот самоиницијативно отпатувал во Ирак во 2015 година за да помогне во борбата против силите на Исламската држава Ирак и Левант (ИСИЛ).
Во саботата, украинскиот претседател упати барање и апелираше до членовите на меѓународната заедница на вооружените сили да одат во Источна Европа и да се приклучат на воените напори.
„Вали“, кој ги остави сопругата и едногодишниот син дома, беше контактиран од пријател кој помага да се организираат „неутрални конвои за хуманитарна помош“ во окупираниот регион Донбас во југоисточна Украина.
Тој го опиша моментот кога одговорил на поканата да им се придружи на украинските доброволни сили како кога „пожарникар го слуша алармот“.
Минатата недела „Вали“ работеше како компјутерски програмер во Канада. Сега, сепак, тој се подготвува да се бори против руските војници на локација во Украина оддалечена речиси 8.000 километри.
„Сè уште програмирав пред една недела. Сега вадам противтенковски проектили од магацин за да убивам луѓе… Тоа е мојата реалност во моментов. Сакам да им помогнам. Толку е едноставно. Кога ја гледам уништената зграда, ја гледам личноста која ја поседува, како гледа како неговиот „пензиски фонд“ се запали. Морам да помогнам затоа што тука има луѓе кои се бомбардирани само затоа што сакаат да бидат Европејци, а не Руси. Одам таму од хуманитарни причини, рече Вали.