Рускиот олигарх е под санкции на ЕУ од 28 февруари, додека САД и Велика Британија го ставија под санкции во март годинава.
Неговата сестра Гулбахор Исмаилова се најде под санкции откако властите утврдија дека Усманов индиректно пренесува имот на неа, вклучувајќи ја и споменатата суперјахта.
Суперјахтата „Дилбар“ се смета за најголема јахта по обем и се наоѓаше во Хамбург поради реновирање. Меѓу другото, ова пловило има базен долг 25 метри, два хелиодроми и вредноста се проценува меѓу 600 и 750 милиони долари.
Усманов има блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин и неговото богатство се проценува на повеќе од 18 милијарди долари.