Бајден му се доближи на Трамп во традиционално десничарската Џорџија на само 700 гласови?!?!?! А веќе се избројани 99% од гласовите и тој 1% кој остана не изброен ќе одлучи кој ќе победи во оваа сокузна земја?
Ако победи Бајден тогаш ќе му треба само Невада каде води убедливо.
Од друга страна Трамп му се доближи на Бајден во Аризона, а во Пенсилванија пак Бајден цело време му се доближува на Трамп и до крај ќе биде неизвесно.
Тесно е и во Северна Каролина. На Трамп му треба победа во сите овие држави не смее никаде да киксне, додека на Бајден му треба победа само во две од малите или пак само во Пенсилванија која носи голема победа. Најголеми шанси на Бајден се да зграби две од Невада, Аризона или Џорџија но ќе видиме до крај ќе биде неизвесно.