Путин сакаше од Украина да направи нова Чеченија.
Да влезе, да измасакрира да потепа све што мрда, тоа што ќе остане да го владее со некој украински сатрап како психопатот Кадиров.
Ама заборави една многу важна работа – во Украина не живеат чеченци туку украинци. Ај што не се муслимани поврзани со радикален ислам, туку пола се православци пола се католици и немаат врска со никаков тероризам и фанатизам?!?! Он мислеше дека може да тепа православци и католици во сред Европа како што масакрираше муслимани низ тоа пустините и вукојебините во Чеченија и нема кој да се буни, таму нема твитер нема социјални мрежи нема медиуми…
Мислеше малиот диктатор дека во 2022-ра може во сред европа да масакрира бели христијани и тоа Германија, Полска, Франција, Италија, Чешка, Словачка, Ирска, Хрватска, Словенија, Унгарија, САД, Канада ќе го гледаат немо без да реагираат?!
Путин мислеше дека папата Францис ќе седи во Ватикан и ќе игра тетрис или плејстешјн додека он бомбардира згради и училишта со деца и гази со тенкови католици во сред Киев?!?! Што мислите зошто се премисли Германија за праќање оружје во Украина, што мислите зошто Холандија праќа ракети, зошто СВИФТ ја исфрли Русија од глобалната мрежа на плаќања, што мислите колку од сето тоа е тајната дипломатија наречена – ШЕФЕ ТЕ БАРА ПАПАТА МНОГУ Е НЕШТО НЕРВОЗЕН?!?!
Па дури и православците во Бугарија, Македонија, Црна Гора па дури и една Србија покажува емоција и се крши иако имаат руски воени бази на своја територија?!?! Дури и во самата Русија има огромни протести против инвазијата?!?!
Путин не очекуваше ваква светска реакција, санкции, медиска харанга, воена помош, буквално цел свет е на нозе кренат, тоа на Украинците им го дава најсилното оружје – мотивација, храброст, знаење дека не се сами, дека светот ќе помогне со оружје со пари со логистика со дипломатија…
Дури и една Турција е крената на нозе, она не се нервира верски туку принципиелно, не може некој да распаѓа така лесно држави, пола Турција е со Курди и други малцинства, нема шанси Турција да дозволи такви глупирања, плус Босна и херцеговина ќе биде следна за распад, тоа Турција нема да го дозволи.
Путин не може никого освен Јанко Бачев и слични лудаци да убеди дека инвазијата врз Украина има каква и да било здраво разумнска логика и објаснување. Украинците си ја бранат татковината, нити правеле тероризам на руска територија, нити се заканувале на Русија, нити воделе војна со Русија, нити се некоја заканувачка забегана нација како што Иран се заканува нон стоп на Израел дека ќе ги исчисти од земјината топка, нити имаат некакви радикални групи како Хезболах и ИСИС па да бидат цел на напад како Палестина и Ирак… Нити пак имаат некој луд забеган диктатор кој се заканува на сите околу себе како што беше Садам Хусеин… Нити пак се диктатура која ѕверски го масакрира својот народ како што правеше Ал Асад во Сирија, значи Путин нема како да го убеди светот со аргументи кои држат вода зошто го прави ова што го прави во Украина…
Споредбите со Косово не држат, режиот на Милошевиќ ги малтретираше Косоварите па мораше да се креваат на востание, Аркан таму палеше села, тоа го зброуваат самите Срби, не се тоа Албански приказни. Додека во Донбас се кренаа на востание само затоа што Киев сакал да оди кон ЕУ наместо кон Москва, за тоа не се крева востание, да беше така сите држави ќе се распаднеа до сега…
Затоа Зеленски е херој, затоа светот е на нозе, затоа Русија ќе биде најголема жртва од овој непромислен потег на Путин.