Радев на средбата со Вархеји истакнал дека декларациите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки одлуки што ќе доведат до одржливи и неповратни резултати

Бугарски Блиц: САД ја малтретира Бугарија поради Македонија!
Бугарски Блиц: САД ја малтретира Бугарија поради Македонија!
Османи: Двајца дипломати не го поминаа ветингот, работниот однос ќе им биде прекинат
Османи: Двајца дипломати не го поминаа ветингот, работниот однос ќе им биде прекинат
Заев: Соработката на Владата со Црвениот крст ја креваме на следно ниво, преку Стоковите резерви се обезбедува хуманитарна помош која во секое време ќе биде достапна за граѓаните
Заев: Соработката на Владата со Црвениот крст ја креваме на следно ниво, преку Стоковите резерви се обезбедува хуманитарна помош која во секое време ќе биде достапна за граѓаните
(ВИДЕО) ЗАЕВ: Граѓаните ќе изберат каква иднина сакаат за својата општина и својата татковина
(ВИДЕО) ЗАЕВ: Граѓаните ќе изберат каква иднина сакаат за својата општина и својата татковина
Претседателот Пендаровски се обрати на 20.состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави
Претседателот Пендаровски се обрати на 20.состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави
Вицепремиерот Николовски на средба со извршната директорка на Канцеларијата на ООН за борба против дрога и криминал, Вали: Напредокот е препознаен и оттаму и поддршката од меѓународните партнери за бескомпромисна борба против корупцијата

ПОЛЕКА СО АРОГАНЦИЈАТА КОЛЕГИ - ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ 100 ПАТИ ПОХРАБРИ, ПОРАБОТЛИВИ, ПОЧЕСНИ И ПОПАМЕТНИ ОД НОВИНАРИТЕ
ПОЛЕКА СО АРОГАНЦИЈАТА КОЛЕГИ - ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ 100 ПАТИ ПОХРАБРИ, ПОРАБОТЛИВИ, ПОЧЕСНИ И ПОПАМЕТНИ ОД НОВИНАРИТЕ

НЕПРАВДАТА БОЛИ ПА ДУРИ И АКО ДЕЛ ОД БРИТАНСКОТО КРАЛСКО СЕМЕЈСТВО КАДЕ БУКВАЛНО СЕ ЈАДЕ ОД ЗЛАТНИ ЛАЖИЦИ И ТАЊИРИ – ИМАШЕ МОМЕНТИ КОГА НЕ САКАВ ДА ЖИВЕАМ ПОВЕЌЕ – МЕГАН МАРКЛ ГО ОБВИНИ БРИТАНСКОТО КРАЛСКО СЕМЕЈСТВО ЗА РАСИЗАМ И ЛОШ ОДНОС ВО ИНТЕРВЈУТО СО ОПРА ВИНФРИ

Хари и Меган го дадоа првото интервју откако пред една година се повлекоа од кралските задолженија (Фото: Ројтерс)

Меган Маркл изјави дека животот во британското кралско семејство ѝ бил толку тежок што на моменти не сакала да биде жива. Во емотивно ТВ-интервју со Опра Винфри, кое се исчекуваше со огромен интерес, војвотката од Сасекс кажа дека не добила помош кога ја барала.

„Дното беше достигнато кога еден член на кралското семејство праша колку темна кожа би можел да има нашиот син“, кажа Меган.

Интервјуто се емитуваше ноќеска во САД, а денеска ќе го објави и британската национална ТВ-мрежа Ај-Ти-Ви и тоа беше прво јавно обраќање на принцот Хари и Меган Маркл откако пред една година се повлекоа од кралските задолженија и се преселија во САД.

Меган кажа дека почнала да се чувствува осамено кога почнале да ѝ поставуваат граници што може да прави, при што имало период од неколку месеци кога воопшто не ја напуштила куќата. Запрашана од Опра дали помислувала да се повреди и дали имала самоубиствени мисли на моменти, Меган изјави:

„Да, тоа беше многу, многу јасно и многу страшно“.

За време на интервјуто, кралското семејство беше обвинето дека не ги заштитило Хари и Меган, а ситуацијата се влошила откако се венчале во мај 2018.

„Не само што не ме заштитија, туку и беа подготвени да лажат за да заштитат други членови на семејството“, рече таа.

Хари кажа дека има добар однос со кралицата Елизабета Втора и дека често зборуваат, но призна дека му се влошил односот со татко му, принцот Чарлс.

„Се чувствувам изневерено од него. Секогаш ќе го сакам, но доста болка ни е нанесено“, кажа Хари, додавајќи дека семејството целосно му го прекинало финансирањето.

loading...