Трифонов ги опцу тие што гласаа „за“ францускиот предлог
Трифонов ги опцу тие што гласаа „за“ францускиот предлог
Петков со порака до Македонија: Сега е шансата, не треба да се испушти, апелирам и до Ковачевски и до Мицковски да направат исчекор, јас ја платив цената, ми падна владата
Петков со порака до Македонија: Сега е шансата, не треба да се испушти, апелирам и до Ковачевски и до Мицковски да направат исчекор, јас ја платив цената, ми падна владата
ГРАД СКОПЈЕ: Продолжува изградбата на нови улици во општина Ѓорче Петров – 5 улици во Кисела Јабука за првпат добија асфалт
ГРАД СКОПЈЕ: Продолжува изградбата на нови улици во општина Ѓорче Петров – 5 улици во Кисела Јабука за првпат добија асфалт
Макрон го поздрави гласањето во Собранието на Бугарија и најави продолжување на процесот
Макрон го поздрави гласањето во Собранието на Бугарија и најави продолжување на процесот
ЛИЦЕТО НА ЕДЕН ОД УКРАИНСКИТЕ БОРЦИ КАЖУВА СЕ ЗА УЖАСОТ НА ВОЈНАТА: Украинските сили добија наредба да се повлечат од Северодоњецк за да не бидат опколени и масакрирани
ЛИЦЕТО НА ЕДЕН ОД УКРАИНСКИТЕ БОРЦИ КАЖУВА СЕ ЗА УЖАСОТ НА ВОЈНАТА: Украинските сили добија наредба да се повлечат од Северодоњецк за да не бидат опколени и масакрирани
Ќе видиме што ќе предложи Франција, откако го виде нашиот став, вели Османи
Ќе видиме што ќе предложи Франција, откако го виде нашиот став, вели Османи
Настов: Во зависност од временските услови, екипите на ЈП Улици и патишта се распоредуваат на различни локации и во координација со службите од Град Скопје се одредуваат приоритетните работни активности

ССМ ќе го блокира влезот на Скопје
ССМ ќе го блокира влезот на Скопје

ОВОЈ ЛУДАК Е ПОГОЛЕМ МОНСТРУМ И ОД ЛИДЕРОТ НА ИСИС – Лукашенко со закана: Нема белоруски војници во Украина, само наши ракети со кои ја рамниме со земја. За ден-два ќе има војна, а за три дена масакр

Во Украина нема ниту еден белоруски војник, ниту еден куршум, изјави претседателот на Белорусија Александар Лукашенко по гласањето на референдумот за промена на уставот што денеска се одржува во таа земја.

-Таму нема наши војници. Зборував со Макрон за тоа вчера. Му реков дека таму нема војници… нема белоруски куршуми, рече Лукашенко, објаснувајќи дека „тоа не ѝ треба на Русија“.

Меѓутоа, Лукашенко потврди дека од територијата на Белорусија биле лансирани ракети кон позициите во Украина, но дека тоа, како што вели, бил принуден чекор.

Според белорускиот лидер, на украинската страна, на неколку километри од границата со Белорусија, биле распоредени ракетни баталјони, подготвени за неколку минути да извршат напад врз руските позиции.

Лукашенко, исто така, вели дека конфликтот во Украина може да се влоши, така што војната, рече тој, мора да престане.

-Конфликтот што избувна во Украина не е ништо. Верувајте ми, знам за што зборувам! Ако продолжи вака, ќе биде многу полошо. А Зеленски нема да се скрие во ниту еден бункер, ниту во САД, ниту во кој било друг. Затоа денеска мора да се прекине војната, додаде Лукашенко, кој потоа се поправи и рече дека за него во Украина сѐ уште нема воопшто војна, туку само конфликт.

-Сега не би го нарекол ни војна, тоа е конфликт. За ден-два ќе има војна, а за три дена масакр, додаде тој.

На крајот тој се пофали дека Белорусија отсекогаш се однесувала „хумано“ со Украинците и дека таа „секогаш им помагала“.

Потоа повторно се осврна на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Што добивме? И денес излегува таму, не знам, мамурен, во таа маица и почнува да му се обраќа на белорускиот народ. Има кој да му се обрати на белорускиот народ, подобро да му се обратат на украинскиот народ и да одговараат за ова што се случува денеска во Украина, рече Лукашенко кој рече дека сѐ уште никој не го бомбардирал Киев.

-Зеленски не треба да лаже, никој не го бомбардираше Киев, рече тој.

Тој ја повика Украина да биде како Белорусија и да не тврди дека поседува нуклеарно оружје, како и да се согласи со барањата на Русија.

loading...

https://go88.gg/

download sunwin ios