БОМБА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: ЕВЕ КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ВРЕДЕН 500 МИЛИОНИ ЕВРА, ВМРО ДПМНЕ УЧЕСТВУВАШЕ КОНСТРУКТИВНО СО ПРЕДЛОЗИ КОИ НИЕ ГИ ПРИФАТИВМЕ ВО ПРАВЕЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗГРАДБА НА НОВИОТ КЛИНИЧКИ

БРАВО - 1.500 нови работни места во економската зона во Тетово
БРАВО - 1.500 нови работни места во економската зона во Тетово
(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: ОПОЗИЦИЈАТА ЛАЖЕ ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, ЕВЕ КОЈА Е ВИСТИНАТА!
(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: ОПОЗИЦИЈАТА ЛАЖЕ ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, ЕВЕ КОЈА Е ВИСТИНАТА!
(ВИДЕО) ЗАЕВ: ПЕНДАРОВСКИ И МИЦКОВСКИ НИШТО НЕ МОЖАТ ДА ДОГОВОРАТ ЗА 27-МИ АПРИЛ, НЕ Е ВО НИВНА НАДЛЕЖНОСТ!
(ВИДЕО) ЗАЕВ: ПЕНДАРОВСКИ И МИЦКОВСКИ НИШТО НЕ МОЖАТ ДА ДОГОВОРАТ ЗА 27-МИ АПРИЛ, НЕ Е ВО НИВНА НАДЛЕЖНОСТ!
СДСМ УДРИЈА ВО ЦЕНТАР: При посетата на градовите и селата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за сите блокади на Собранието!
СДСМ УДРИЈА ВО ЦЕНТАР: При посетата на градовите и селата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за сите блокади на Собранието!
ФИЛИПЧЕ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ СО КИНЕСКАТА „СИНОФАРМ“, МИНИСТРИТЕ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ВО НАРЕДНИТЕ 10-14 ДЕНА
ФИЛИПЧЕ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ СО КИНЕСКАТА „СИНОФАРМ“, МИНИСТРИТЕ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ВО НАРЕДНИТЕ 10-14 ДЕНА
(ВИДЕО) Се вакцинираше и министерот Филипче: Вакцините се безбедни, сите да се заштитат од оваа страшна болест!
(ВИДЕО) Се вакцинираше и министерот Филипче: Вакцините се безбедни, сите да се заштитат од оваа страшна болест!
ЛОЗАРИ ИСТОК ДОБИЈА СВОЈА ЛИМЕНКА! НАШЕ МАКЕДОНСКО ПИВО ЗА 30 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА КАВАДАРЕЧКИТЕ НАВИВАЧИ!
ЛОЗАРИ ИСТОК ДОБИЈА СВОЈА ЛИМЕНКА! НАШЕ МАКЕДОНСКО ПИВО ЗА 30 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА КАВАДАРЕЧКИТЕ НАВИВАЧИ!

Русија бара извинување од САД откако претседателот Џо Бајден потврдно се изјасни дека Путин е убиец

Се заоструваат односите меѓу Русија и Кина откако во интервју за ABC News, емитувано вчера, Бајден запрашан дали верува дека рускиот претседател е убиец, потврдно се изјасни, по што Русија го повлече нивниот амбасадор во САД на итна консултација околу иднината на американско – руските односи.

Бајден пак Путин го опиша како човек кој нема душа и вети дека ќе ја плати цената поради наводното руско мешање во американските претседателски избори во 2020, при што Кремљ го негираше.

Константин Косјачов, заменик претседател на парламентот, изјави дека коментарите на Бајден се неприфатливи и дека безмалку ќе ја влошат и онака нестабилната врска со Русија и ќе ја намалат секоја надеж во Москва за промена околу американската политика под новата американска администрација. Тој изјави дека ваквиот потег е единствениот разумен чекор кој треба да се преземе во овие околности.

-Претпоставувам дека нема да биде и последен ако не добиеме објаснување или извинување од американската страна – рече Косјачов во објавата на Фејсбук, додавајќи дека ваква изјава е недозволива од устата на државник од светски ранг, под ниеден услов.

Кремљ уште нема дадено јавен одговор на коментарот на Џо Бајден, но веројатно тоа ќе се случи подоцна во текот на денов.

Артур Чилингаров, пратеник во рускиот парламент повика на „остра реакција“ преку руската радио станица Ехо Москва.

Врската на Русија со Западот е на најниско ниво во периодот по Студената војна уште од 2014, а сега се соочува и со дополнителни притисоци поради затворањето на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, чија слобода ја бараше токму Западот.

Русија го отфрли ова барање со изјава дека е „неприфатливо мешање во внатрешната работа на земјата“. Наспроти ова, САД соопштија дека подготвуваат нови санкции против Русија поради наводни хакирања и мешања во изборите од 2020.

Како јагода на шлагот, Бајден за ABC изјави „Наскоро ќе видите“, на прашањето какви ќе бидат последиците со кои ќе се соочи Русија со своето однесување.

loading...

KissAnime kissanime boruto: Watch Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 4

AnimeDao i want to eat your pancreas animedao: Jujutsu Kaisen (TV) Recap Episode Full