Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

Русите се приближуваат кон Лисичанск, пара-војската на Донецката република изгубила над половина од војниците

Извор на фотографија: Укринформ
Регионалниот гувернер на Луганската област, Серхиј Гајдај денеска објави дека руските сили се приближуваат до Лисичанск, последниот град кој е под контрола на украинските сили во оваа област, јавува Укринформ. Русите оствариле напредок во околните населени места околу Лисичанск, додека во градот има воздушни напади од руската авијација.

Во соседниот град Северодоњецк продолжуваат уличните борби меѓу украинските и руските сили, кои имаат заземено најголем дел од овој град. Руската војска продолжува со бомбардирањето на фабриката Азот, која е под контрола на украинските безбедносни сили. Русите се обидуваат и да ги блокираат украинските сили во близина на населените места Боривске и Воронове.

Во правецот на Попасна, руската војска го окупирала местото Тошкивка и напредувала во Устунивка, Пидлисне, Мурна Донуна и извршила офанзива на Била Хора. Само во текот на еден ден, украинските власти пријавиле уништување на 28 куќи во три населени места.

Гардијан јавува за најмалку 15 загинати цивили во руското гранатирање на населба во Харкив, вториот град по големина во Украина. Властите информираат дека Русите извршиле артилериски и воздушни напади и во неколку други региони на Украина, вклучувајќи го и регионот Суми на североистокот на земјата. Најмалку едно лице загинало во напад со проектили врз градот Миколаив на југот на Украина. Притоа, оштетено е пристаништето во градот на Црното море, а уништени биле и камиони.

Украинските сили пак извршиле напад врз Змијскиот остров во Црното море, при што нанеле големи штети на руската војска, пренесува Гардијан. Руските власти потврдуваат дека Украина се обидела да ја врати под своја контрола оваа стратешка локација, но не објавуваат за бројот на загинати и повредени војници.

Властите на Украина велат дека во изминатово деноноќие на југот на земјата извршиле над 150 воени задачи, при што биле ликвидирани најмалку 49 руски војници и била уништена воена опрема, депо за оружје и друга инфраструктура, пренесува Укринформ.

Проценките пак на британското Министерство за одбрана говорат дека пара-војската на Донецката народна република во досегашните борби во Украина изгубила околу 55 отсто од вкупниот број на воен персонал што го имала пред почетокот на воената агресија, пишува Гардијан. Русија уште од 25 март нема објавено нови податоци за бројот на загинати руски војници во борбите, но податоците од Донецката народна република велат дека заклучно со 16 јуни, загинале 2.128 нивни војници и 8.897 биле повредени од почетокот на годинава.

loading...