Руската државна телевизија го прекина говорот на Путин на стадионот Лужниќи во Москва, Кремљ вели било техничка грешка

Руската државна телевизија го прекина преносот од говорот на претседателот Владимир Путин во сред реченица додека тој денеска се обраќаше пред десетици илјади приврзаници на главниот фудбалски стадион во Москва.

Додека Путин се обраќаше на насобраниот народ, државната телевизија емитуваше кадар со патриотска музика.

На Путин му беше скратена реченицата додека велеше: „Почетокот на операцијата случајно се совпадна со роденденот на една наша извонредна војска“ …

Руската државна телевизија е строго контролирана и таквите прекини се крајно невообичаени, нагласуваат западни медиуми.

Путин зборуваше на настан за поддршка на руската армија во Украина и за одбележување на анексијата на полуостровот Крим во 2014 година.

Кремљ денеска соопшти дека техничка грешка е причината за прекинот на преносот на говорот на рускиот претседател Владимир Путин на преполниот стадион во Москва по повод одбележувањето на осмата годишнина од анексијата на Крим.

Руската државна телевизија го прекина преносот од говорот на Путин во сред реченица. Откако Путин беше тргнат од кадарот, државната телевизија емитуваше кадар со патриотска музика.

Подоцна го емитуваше целиот говор, кој заврши неколку секунди по пресекот со тоа што Путин ја напушта сцената додека илјадници граѓани вееја руски знамиња на стадионот Лужники со капацитет од 80.000 луѓе.

sunwin apk sunwin tải sunwin apk

sunwin

sunwin

sunwin

tải sunwin