САД И ЕУ НАЈАВИЈА САНКЦИИ ЗА РУСИЈА И СТРАВУВААТ ОД ВЛЕГУВАЊЕТО НА РУСКИТЕ ТРУПИ ВО ИСТОЧНА УКРАИНА

САД и Европска Унија најавија санкции за Русија откако Владимир Путин вечерва ја призна независноста на народните републики Доњецк и Луганск, региони во источна Украина кои од 2014 се под контрола на проруските сепаратисти.

Белата куќа ја опиша објавата на Путин како грубо кршење на меѓународните обврски на Русија. Санкциите ќе се однесуваат на инвестициите, трговијата и финансиите во двата региона што ги призна Путин.

И Брисел кажа дека ќе воведе санкции против оние кои биле вмешани во признавањето на Доњецк и Луганск, додека и натаму расте загриженоста за можна руска инвазија на Украина. Првите луѓе на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, во заедничка изјава кажаа дека признавањето е грубо кршење на меѓународното право.

„Ќе реагираме цврсто и одлучно во солидарност со Украина. ЕУ ќе одговори со санкции и ја повторува својата непоколеблива поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници“, соопшти Брисел.

И Велика Британија најави пакет санкции за Русија, што ќе го објави утре.

Западните сили стравуваат дека денешниот потег на Путин отвора пат за влегување на руските сили во источноукраинските региони. Тие сметаат дека Русија веројатно ќе ги прекине мировните разговори за регионот Донбас, каде што владее кревко примирје со години, а во изминатите денови се интензивираа гранатирања.

Русија постојано негира дека планира да ја нападне Украина, иако ја окружи од три страни со 150.000 војници. Западот смета дека инвазијата е само прашање на време.

Во денешното едночасовно телевизиско обраќање, Путин кажа дека модерната Украина била создадена од советска Русија и дека таа нема традиција на сопствена државност. Притоа го обвини НАТО за сегашната криза и го опиша како суштинска закана за Русија.

sunwin sunwin club game sunwin

tải sunwin sunwin sunwin club

tải sunwin sunwin.apk mới nhất sunwin.apk mới nhất

tải sunwin

sunwin