Путин бара од НАТО гаранции дека ќе престанат да трупаат војска во источна Европа и ќе ветат јавно дека Украина никогаш нема да стане членка на НАТО. Во спротивно Русија ќе преземе активни контра мерки,вклучувајќи и воена интервенција што многумина го толкуваат како закана за инвазија на Украина откако сателитите забележаа трупање на големи руски војски на границата со Украина.
Од НАТО велат дека тешко дека ултиматумот од Русија ќе биде исполнет, според нив се работи за гола уцена што НАТО не може да си дозволи да го исполни затоа што ќе значи срам за НАТО и голем дипломатски пораз.
Линк до веста на YAHOO NEWS