Тренчевска од Битола: Ја унапредуваме детската и социјална заштита, грижата за ранливите граѓани е наш приоритет
Тренчевска од Битола: Ја унапредуваме детската и социјална заштита, грижата за ранливите граѓани е наш приоритет
За прв пат по неколку децении, Соборот на СПЦ ја призна МПЦ – Охридска Архиепископија, нема веќе да има црква на Вранишковски која го носеше името ОА
За прв пат по неколку децении, Соборот на СПЦ ја призна МПЦ – Охридска Архиепископија, нема веќе да има црква на Вранишковски која го носеше името ОА
АФРИМ ГАШИ РЕЗИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА АЛТЕРНАТИВА, ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ БЕШЕ ГОСТИН НА КОНГРЕСОТ
АФРИМ ГАШИ РЕЗИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА АЛТЕРНАТИВА, ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ БЕШЕ ГОСТИН НА КОНГРЕСОТ
ЦРНИ ВРЕМИЊА ДОАЃААТ ЗА РУСИТЕ, ПАК ЌЕ ВОЗАТ КАНТИ НА КОИ ИМ ИСПАЃААТ ТРКАЛАТА НА СРЕД ПАТ: ВО ФАБРИКИТЕ НА РЕНО ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА МОСКВИЧ, А ТОКМУ ПОРАДИ ЛАДИТЕ И МОСКВИЧИТЕ СЕ РАСПАДНА СССР
ЦРНИ ВРЕМИЊА ДОАЃААТ ЗА РУСИТЕ, ПАК ЌЕ ВОЗАТ КАНТИ НА КОИ ИМ ИСПАЃААТ ТРКАЛАТА НА СРЕД ПАТ: ВО ФАБРИКИТЕ НА РЕНО ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА МОСКВИЧ, А ТОКМУ ПОРАДИ ЛАДИТЕ И МОСКВИЧИТЕ СЕ РАСПАДНА СССР
ПРЕМИЕРОТ ДА ЈА ПОВИКА НА СРЕДБА И ДА И СЕ ИЗВИНИ ВО ИМЕТО НА ВЛАДАТА: НОВИНАРКАТА НА САКАМДАКАЖАМ.МК СОЊА ДЕЛЕВСКА ПОВИКАНА ВО ПОЛИЦИЈА ЗА ОБЈАВЕН ТЕКСТ, ВОЗНЕМИРИЛА РАКОВОДИТЕЛКА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
ПРЕМИЕРОТ ДА ЈА ПОВИКА НА СРЕДБА И ДА И СЕ ИЗВИНИ ВО ИМЕТО НА ВЛАДАТА: НОВИНАРКАТА НА САКАМДАКАЖАМ.МК СОЊА ДЕЛЕВСКА ПОВИКАНА ВО ПОЛИЦИЈА ЗА ОБЈАВЕН ТЕКСТ, ВОЗНЕМИРИЛА РАКОВОДИТЕЛКА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
ШИЛЕГОВИ ПРОСЛАВИЈА 26 ГОДИНИ БРАК, ЈАСМИНА ШИЛЕГОВА СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ГОСПОД ЗА ЉУБОВТА И ЗА ДЕЦАТА
ШИЛЕГОВИ ПРОСЛАВИЈА 26 ГОДИНИ БРАК, ЈАСМИНА ШИЛЕГОВА СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ГОСПОД ЗА ЉУБОВТА И ЗА ДЕЦАТА
(ВИДЕО) Ковачевски: Младите се движечка сила во државата која ги предводи развојните процеси
(ВИДЕО) Ковачевски: Младите се движечка сила во државата која ги предводи развојните процеси
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) АХМЕТИ СО КОВАЧЕВСКИ, ГРУБИ, ЏАФЕРИ И САЛИ: Од Чаир, со огнена атмосфера од Шверцери, честитки за ФК Шкупи и успех во Европа
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) АХМЕТИ СО КОВАЧЕВСКИ, ГРУБИ, ЏАФЕРИ И САЛИ: Од Чаир, со огнена атмосфера од Шверцери, честитки за ФК Шкупи и успех во Европа

ВО ТУРЦИЈА ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ГИГАНТСКИ МОСТ – Свечено отворен мостот „Чанаккале 1915“, четвртата спојна точка помеѓу Европа и Азија

ЧАНАККАЛЕ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес свечено го отвори мостот „Чанаккале 1915“, уште еден во низата турски мегапроекти, најдолгиот мост со среден распон во светот, прв на Дарданелите и вкупно четвртиот мост преку турските мореузи што ги поврзува Европа и Азија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Мостот „Чанаккале 1915“ отворен е на Денот на сеќавањето на загинатите херои и 107. годишнина од поморската победа во Чанаккале кои се одбележуваат на 18 март, а на церемонијата, освен Ердоган, присуствуваа и голем број домашни и странски официјални претставници меѓу кои и јужнокорејскиот премиер Ким Бо-кјум, потпретседателот на Турција Фуат Октај, претседателот на турскиот Парламент Мустафа Шентоп, министри, бројни официјални претставници, гости.

Програмата започна со интонирање на државната химна на Република Турција.

Претседателот Ердоган во своето обраќање на отворањето истакна дека овој мост во конструкцијата содржи бројни симболи од турското минато.

„Мостот ‘Чанаккале 1915’ има различни значења со секоја од неговите технички карактеристики“, рече Ердоган и додаде дека станува збор за импозантен проект.

„Турција зад себе ја остави Јапонија и стана земја која има мост со најдолг среден распон во светот. Знаете ли колкава ќе биде годишната заштеда на нашата земја во поглед на времето, потрошувачката на гориво и намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид со оваа инвестиција, 415 милиони евра“, рече Ердоган.

Истакна дека Турција ќе оствари голема економска корист од мостот „Чанаккале 1915“.

„Според нашите предвидувања, овој проект ќе ѝ донесе на нашата економија 5,3 милијарди евра, 118.000 нови работни места и 2,4 милијарди евра национален приход“, рече Ердоган.

Тој на крајот откри дека цената за користење на мостот ќе изнесува 200 турски лири (12,2 евра), а првите седум дена од пуштањето во употреба минувањето ќе биде бесплатно.

Поморската победа кај Чанаккале, во Европа попозната како Битката кај Галиполе, е една од најкрвавите и најжестоките битки во Првата светска војна, но, според многу показатели, и воопшто во историјата.

Мостот „Чанаккале 1915“ поради својот импозантен изглед е наречен и „Ѓердан од теснецот Чанаккале“ (Дарданелите), а на градилиштето на азиската и европската страна на теснецот, покрај вработените на Генералната дирекција за автопати при Министерството за сообраќај и инфраструктура на Турција, беа ангажирани околу 5.100 работници и 740 градежни машини.

Должината на висечкиот мост на теснецот кај Чанаккале достигнува 4.608 метри и е најдолгиот мост со среден распон во светот. Благодарение на овој мост времето на патување меѓу двата континента ќе се намали на шест минути.

На врвовите на четирите челични кули се поставени фигури од топовски топки, секоја тешка 75 тони и висока 20,5 метри. Станува збор за фигури кои ги симболизираат топовските куршуми кои во текот на Битката на Галиполе на својот грб ги носеше познатиот турски борец Сејит Онбаши.

Мостот „Чанаккале 1915“ се истакнува со својата импозантност и инженерски решенија, а поради низата симболи што ги носи е наречен и „Мост на симболите“.

За главниот кабел на мостот искористени се вкупно 162.000 километри жица, што би било доволно четирипати да се обвитка Земјата. Исто така, во изградбата на мостот потрошени се 227.000 кубни метри бетон, со што на пример може да се изгради населба за 25.000 жители, со вкупно 5.900 станови од по 100 квадрати.

Мостот е проектиран така што оддалеченоста помеѓу неговите столбови е 2.023 метри, што ја симболизира годината кога Турција ја одбележува јубилејната стогодишнина од основањето на Републиката. Исто така, неговите челични кули од 318 метри го симболизираат 18 март 1915 година, кога е извојувана поморската победа во Чанаккале.

Кулите и елементите на мостот се изработени во црвено-белата боја на турското знаме. Заедно со висината на кулата од 318 метри и архитектонската топовска фигура од 16 метри, достигнува надморска височина од 334 метри и ќе биде висечки мост со највисоки кули во светот.

Новоизградениот автопат и мостот „Чанаккале 1915“ се интегрирани во постојната копнена, поморска и воздушна транспортна мрежа во Мраморниот и во Егејскиот Регион, кои се меѓу најразвиените турски региони во кои живее и работи значителен број од населението на Турција.

За сообраќај е пуштен и Автопатот Малкара – Чанаккале, граден во рамките на проектот за Автопатот Кинали – Текирдаг – Чанаккале – Саваштепе. Станува збор за изградена делница со вкупна должина од 101 километар.

Автопатот и мостот се едни од многуте мегапроекти во Турција што ќе го поврзуваат Истанбул со Чанаккале, а потоа и со северниот дел на Егејскиот Регион. Исто така, во рамки на работите на уредувањето на просторот, засадени се вкупно 516.863 садници.

loading...

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

SHAMAN KING (2021)

AniWatch Arifureta: From Commonplace to World's Strongest Season 2

JUJUTSU KAISEN

anime streaming Yosuga no Sora: In Solitude Where We are Least Alone

Bleach (Dub) Episode 362

tải go88