Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Џозеф: Бугарското малтретирање на Македонија веќе е проблем и на НАТО
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Ковачевски со поддршка за Парадата на гордоста: Секој има право на почит и достоинство
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
Глобално обединети можеме да обезбедиме храна за сите е заклучокот од министерската конференција во Берлин „Uniting for Global Food Security“
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија

Украинската амбасадорка Задорожњук: Руските нелуѓе застрелаа семеен автомобил, убија пет лица меѓу кои две деца

Руските окупациски сили изведуваат моќни артилериски, воздушни и ракетни напади врз Украина, низ целата територија на Украина. Удираат по критичната инфраструктура – разнесоа гасовод во Харков, напаѓаат цивили, вели украинската амбасадорка во Северна Македонија, Наталија Задоружњук во денешниот брифинг со македонските медиуми.

Во обраќањето таа констатира дека не се остварија руските цели за 6 часа да ја освојат Украина, а Киев за 2 часа.

-Четврти ден по ред Украина продолжува херојски да ја брани својата земја и да се спротивставува на неколкукратно поголемата армија на непријателот. Пресметката на рускиот режим да ја земе Украина за 6 часа и Кијив за 2 часа не се оствари. Стоиме и ќе стоиме до крај, вели амбасадорката.

Во однос на цивилните жртви Задоружњук наведува дека во близина на Нова Каховка, руските сили застрелале автомобил во кој патувало семејство и убиле пет лица, меѓу кои две деца. Тенкови на Русија, додава таа, пукаа врз цивилен автобус.

-Диверзантска група застрела цело семејство со три деца. Родителите и едно од децата починаа. Другите две деца се во болница со тешки повреди. Тоа се случи во Киев на улицата Олена Телига, во близина на Бабин Јар, каде што пред 80 години нацистите убиваа цели семејства, вклучително и мали деца, вели украинската амбасадорка.

Од друга страна, пак, според нејзините тврдења, во текот на претходните три дена загубите на руската страна се бројат во 4 300 војници. Исто така, додава таа украинските вооружени сили заедно со граѓаните кои се обединија за да го запрат напредувањето на руските трупи успеале да уништат руски борбени единици, да ги повратат заробените градови, села и стратешки точки.

Задоружњук во обраќањето до македонската јавност констатира и дека ова е и дипломатска војна и оти во неа Русија има невиден пораз.

-Постапките на Путин ги одвратија од него дури и неговите најлојални сојузници во Европа. Не се работи само за Европа. Се создава јаз меѓу Русија и светот. Му благодариме на целиот свет за вистинската практична помош. Санкциите се исклучително строги, благодариме за оружјето, благодариме за сите рестриктивни мерки, затворањето на небото за руските авиони и воздушната комуникација со земјата окупатор. Русија е во изолација. Постои цивилизираниот свет и постои Русија, земјата агресор, која врши геноцид врз соседниот народ, вели амбасадорката.

loading...

go88 mat không rút được tiền go88 go88 hỗ trợ

tải sunwin vip