Денес во нашата кампања и со помош на Модернизам и Ренесанса му даваме видливост на Џони.
Џони е куче кое е најдено на улица уште како младо кутре, сместено во пансион со цел да се вдоми а кај нас дојде за да помине хуман третман па заради одредени околности остана во Лајка.
Џони е прекрасно куче, одлично се согласува со луѓе и други кучиња и обожава да игра со топчиња. Како и сите наши кучиња така и Џони е кастриран, редовно вакциниран и прочистен од надворешни и внатрешни паразити. Споделете, за следниот што ќе застане пред неговиот кафез да биде неговиот човек, љубов и дом. Затоа што животот е поубав со куче!