Овој проект предвидува нов асфалтен слој, изградба на атмосферска канализација, изградба на тротоари, улично осветлување и сообраќајна сигнализација. Следната недела ќе се постави и вториот слој на асфалт, паралелно се работи на тротоарите, а следува и осветлувањето.
Општина Пробиштип за овој проект има обезбедено средства од Министерство за транспорт, односно 18 милиони денари, изведувач на работите е економскиот оператор Стоименов од Кочани. Со реконструкцијата на оваа улица се подобрува безбедноста во сообраќајот и се намалува гужвата, која особено се јавува во летниот период поради локацијата на самиот аквапарк во Пробиштип. Општина Пробиштип продолжува да работи за подобри услови за сите граѓани. – Градоначалник на Пробиштип, Драган Анастасов – Ладич.