Вршителот на должноста градоначалник на општина Гостивар, Валбон Лимани, денеска се сретна со вицепремиерот за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, кој својата обиколка низ општините ја започна токму од општина Гостивар, како пример за транспарентност и добро владеење.
Двајцата соговорници разговараа за искуствата на општините во рамките на антикорупциската стратегија, општинските планови за откривање на ризиците од корупција и судир на интереси, како и за зголемување на транспарентноста во општината. На средбата се разговараше и за инвестициите во инфраструктурата од централно ниво, кои се очекува да започнат во септември годинава.